„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Групација на агенции за недвижности

Групацијата на агенции за недвижности, како посебен облик на организирање и работење во рамки на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите е конституирана на 21.09.2006 година.

Групацијата ги претставува и застапува интересите на компаниите – членки на Здружението кои вршат дејност и нудат услуги поврзани со прометот на недвижностите вклучувајќи посредување при закуп и продажба, процена на недвижен имот, консалтинг и друго.

Иницијативата за формирање на оваа Групација произлезе од потребата, за заедничко залагање во насока на надминување на одделни проблеми во дејноста и тековното работење со кои се соочуваат агенциите за недвижности, при што заложбите на компаниите имаат за цел регулирање на пазарот на недвижности со заокружување на законската регулатива, уредување на дејноста за посредување во прометот со недвижности и подигнување на професијата агент за посредување во прометот со недвижности на повисоко ниво.
 
Претседател на Управниот одбор на Групацијата на агенции за недвижности е Лилјана Ковачева од агенцијата Дом Дизајн, Скопје.


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Агенциите за недвижности се појавија на пазарот во последните дваесетина години и засега делуваат во рамките на постојните закони, давајќи услуги поврзани со посредување во прометот на недвжностите кон своите коминтенти.

Бројот на активни деловни субјекти кои вршат дејности поврзани со недвижен имот изнесува 608 компании, што претставува 0,8 % од вкупниот број на активни деловни субјекти во државата. Бројот на вработени во дејностите поврзани со недвижен имот изнесува 2.168 лица.

⮞ Лилјана Ковачева,  Претседател, ДОМ ДИЗАЈН, Скопје

⮞ Аница Горњевска, АТЛАС 2002, Скопје

⮞ Венко Наумоски, МОЖНОСТИ, Охрид

⮞ Владимир Чкатроски, ВИКТОРИЈА СТИЛ, Скопје

⮞ Горан Димитриовски, ЖИКОЛ, Струмица

⮞ Емилија Јованова, НОВЕЛ НЕДВИЖНОСТИ, Скопје

⮞ Катерина Тодоровска, КАЗА МИА НОВА, Скопје

⮞ Лидија Василевска, ГАРДЕНИЈА ЛИДИЈА И ДР. ДППН, Скопје

⮞ Љупчо Лазаревски, БИЛИВА, Скопје

⮞ Светлана Давчева, АБЦ-ДОМ, Скопје

ЕТИЧКИ КОДЕКС НА ПОСРЕДНИЦИТЕ СО ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Свесни за својата должност, дека учесници во прометот на недвижности мораат да го вршат своето професионално работење стручно, трудољубиво, чесно и на начин што предизвикува доверба.
Со цел зајакнување на угледот на посредничката дејност како и зајакнување на довербата на општеството и инвеститорите во работењето на учесниците во прометот на недвижности >>>

Групацијата на агенции за недвижности на седницата одржана на 15.11.2013 година предложи документи кои ќе послужат како терк во работење на агенции, и тоа:

1. ДОГОВОР за посредување при купување на недвижност (продавач)
2. УПАТНИЦА со која се потврдува од страна на странката дека се посетени недвижности,
3. ДОГОВОР за посредување при купување на недвижност (купувач) 
4. ДОГОВОР за посредување при купување на недвижности (три страни)


Контакт лице: Сашка Велков
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 2 3244054
Е-адреса: [email protected]