„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Публикации на Стопанската комора на Северна Македонија

  • Дома
  • За нас
  • Публикации на Стопанската комора на Северна Македонија

Месечен економски преглед

team-2

31.08.2020

МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА.


Новиот број ги анализира движењата кај повеќе економски индикатори, со осврт на движењата во авто-индустријата во регионот на Западен Балкан и последиците од здравствената криза Ковид-19 врз овој сектор. Работи што го одбележаа изминатиот период се:
• Најновите проекции за Еврозоната предвидуваат пад на БДП од 8% во 2020 година
• Намалување на економската активност кај земјите од Западен Балкан во првиот и вториот квартал од 2020 година
• Длабоки последици од кризата врз авто-индустријата
• Висока контракција на БДП во Македонија во вториот квартал од 2020 година, која укажува на потребата од нови мерки за поддршка на стопанството
• И во јули продолжи трендот на пад на индустриското производство, трговијата и градежништвото
• Раст на стапката на невработеност, уште еден сигнал за потребата од поддршка на компаниите за заштита на работните места

• Извозот и увозот со благ пораст во однос на претходните месеци, но значајно под минатогодишното ниво 

team-2

29.07.2020

МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА.


Новиот број ги анализира движењата кај повеќе економски индикатори, со посебен осврт на туризмот и последиците од здравствената криза Kовид - 19 врз овој сектор. Работи што го одбележаа изминатиот период се:
• Постепено релаксирање на мерките против здравствената криза Kовид-19
• Висока контракција на БДП во земјите од ЕУ и САД
• Ублажување на негативните трендови кај индустриското производство, иако стапките се негативни и двоцифрени
• Мало заживување на трговијата на големо и мало, но сеуште негативни стапки на раст
• Големи негативни последици врз туризмот од здравствената и економската криза

• Очекувањата за деловните тенденции кај претпријатијата од преработувачката индустрија се влошени • Раст на извозот и увозот во јуни во однос на мај и април, но нивото е сеуште значајно под минатогодишното 

team-2

29.06.2020

МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА


Новиот број ги анализира движењата кај повеќе економски индикатори од аспект на зголемување на интензитетот на здравствената криза Ковид-19 и изгледите за втор бран.
Работи што го одбележаа изминатиот период се:
• Здравствената криза продолжи со зголемен интензитет
• Понатамошно влошување на економските резултати на глобално ниво и дополнително надолно ревидирање на проекциите за економски раст
• Индустриското производство со високи двоцифрени стапки на пад како последица на мерките за ублажување на здравствената криза и намалената побарувачка
• Трговијата на големо и мало со продлабочени негативни тенденции
• Влошување на очекувањата за деловните тенденции
• Умерено зголемување на стапката на инфлација во јуни
• Намалување на платите во однос на март

• Извозот и увозот се драстично намалени заради намалената побарувачка и нарушувањето на протокот на стоки и услуги 

team-2

28.05.2020

МЕСЕЧЕН ЕКОНОМСКИ ПРЕГЛЕД (МЕП) ЗА ТЕКОВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА.


Работи што го одбележаа перидот:
• Влошени економски резултати и негативни проекции за 2020 година
• Први сигнали за забавување на македонската економија
• Драстичен и сеопфатен пад на индустриското производство
• Негативни движења во градежништвото, трговијата и туризмот
• Висок двоцифрен пад на извозот и увозот
• Кризата ги намали буџетските приходи и ги зголеми буџетските расходи

• Берзанските цени под силен удар на пандемијата 


Контакт лице: Стево Серафимов

Телефон: + 389 2 3244032,
Мобилен: 072 236 484
Е-адреса: [email protected]