„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Асоцијација за секундарни суровини и рециклатори

Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори e форма на организирање во рамките на Стопанската комора на Македонија на стопански субјекти кои се вклучени во циркулацијата на секундарните суровини, односно кои вршат дејности на откупот, третманот, складирањето и транспоротот на секундарниот отпад, како и претставници на индустриските капацитети- рециклатори на секундарните суровини.

Асоцијацијата брои околу 50 членки, значајни репрезенти на дејностите сврзани со управувањето и користењето на секундарните отпадни суровини.

Основните правци на делување на Асоцијацијата се успешно управување со секундарниот отпад врз основа на квалитетна законска регулатива и подигање на нивотот на дејноста согласно нејзиното место во вкупните стопански движења. Значењето на секунданите суровини опфаќа неколку аспекти и тоа: потребата на индустриските капацитети чии развојни концепти се повеќе се базираат на користење на секундарни суровини, аспектот на зачувување на животната средина, и економскиот и социјалниот аспект.

На  седницата од 15.5.2014 година за претседалет на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори е избран Владо Момировски- Екоцентар 97-Скопје а за заменик претседател,  Павлина Варадинова од Петреп-Штип.

⮞ Владо Момировски,  Претседател, ЕКОЦЕНТАР 97, Скопје

⮞ Павлина Варадинова,  Заменик претседател ПЕТРЕП, Штип

⮞ Блаже Митревски,  ЦЕНТАР ЗА РЕЦИКЛАЖА, Скопје

⮞ Валентина Кашуба,  ИВАЛ ТРЕЈД, Штип

⮞ Георгиевски Бојан,  БОНУМ КРИСТИЈАН, Скопје

⮞ Ѓорѓиевска Жаклина,  ЕКО ЦИРКОН, Скопје

⮞ Зоран Димов,  ПРОВАВИЛ, Скопје

⮞ Иван Димески,  ТЕА-АНДРЕА, Прилеп

⮞ Љупчо Цуклески,  ОТПАД ОХРИД, Охрид

⮞ Мичо Кулибанов,  МАКСТИЛ, Скопје

⮞ Саздо Антовски,  ДС СМИТХ АД Скопје, Скопје

⮞ Сашо Ангеловски,  ТАБ-МАК, Пробиштип

На 22.10.2012 година се одржа состанок со претставници од Општина Тетово, јавното Комунално претпријатие на општина Тетово и претставници од компанијата „Агропал Компани“ заради обезбедување на техничка поддршка за професионални собирачи на отпад и селектирање на местото на создавање на отпадот.  (Повеќе)

Презентација и деловни средби на австриски компании специјализирани за производство на технологии за заштита на животната средина - ПОВИК ДО АВСТРИСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
На 3.10.2012 година во Стопанската комора на Македонија се оджа презентација и деловни средби на австриски компании специјализирани за производство на технологии за заштита на животната средина. На средбата што ја организираа Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија и Регионалната комора на Корушка од Австрија, учествуваа реномирани aвстриски фирми од областа на екологијата и значаен број македонски компании, заинтересирани за соработка во областа на животната средина.  (Повеќе)

Барање појаснување во однос на дозволи за управување со секундарни отпадни суровини од страна на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори  (Повеќе)


Контакт лице: Даниела Михајловска Василевска
Проектен менаџер во Стручната служба

Телефон: +389 (02) 3244021
Мобилен: 072 220 037
Е-адреса: [email protected]