„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена

Заради унапредување на дејностите поврзани производство или трговија со оружје, експлозивни и опасни материјали и пиротехнички средства,  како и опрема за воена и цивилна намена, на иницијатива на повеќе компании, на ден 23.03.2016 година се одржа конститутивната седница, со што се формираше нова Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна опрема како посебна форма на организирање и работење во рамки на Здружението на трговијата.

Групацијата ќе работи на разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, ќе усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а согласно законските прописи и  добрите деловни обичаи. Покрај тоа, Групацијата ќе разгледува предлози на закони и други прописи, ќе дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и ќе покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите.

За претседател на Групацијата е избран г-дин Димитар Мангутов, управител на Диманко - Скопје, а за заменик-претседател е избран г-дин Јовица Ѓуричиќ управител на Специјална Опрема -Скопје. Покрај тоа беше избран и Управен одбор на Групацијата, во кој што се избрани преставници кои што ќе ги претставуваат  интересите на сите членови на Групацијата од областа на: трговија со ловно спортско оружје, муниција, експлозивни и опасни материјали; трговија со пиротехнички средства и реализација на огномети; трговија на наменски средства (вооружување и воена опрема); обука за теоретско и практично оспособување за ракување со оружје и стрелишта за цивилна намена; производство на оружје и опрема, како и концесии на ловишта и ловечки друштва.

ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

⮞ Димитар Мангутов,  Претседател, ДИ МАН КО, Скопје

⮞ Јовица Ѓуричиќ,  Заменик претседател, СПЕЦИЈАЛНА ОПРЕМА, Скопје

⮞ Владимир Глигоровски, АС-КОМЕРЦ, Гостивар

⮞ Владимир Симоски, АРСЕНАЛ, Струга

⮞ Горан Тренески, ИЦЕМАК, Скопје

⮞ Костадин Поп-Костов, ОГНОМЕТИКА, Скопје

⮞ Панче Поповски, МИКЕИ-ИНТЕРНАЦИОНАЛ, Скопје

⮞ Сабрина Георгиевска Ангелеска, ТАРГЕТС, Скопје

⮞ Томе Асарџиев, АС-ТО, Струмица

03.11.2016

КВАЛИТЕТНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОРУЖЈЕ
На седница на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, одржана на 2.11.2016 година, беа дефинирани предлог измени и дополнувања на Законот за оружје, согласно Европските директиви и анализираните тековни состојби во работењето на членките на Групацијата. Повеќе на

19.10.2016

Седница на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена

На седницата на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, одржана на 19.10.2016 година, беше разгледан  актуелниот Закон за оружје и беше констатирано дека се потребни значајни измени и дополнувања, согласно Европските директиви и анализираните тековни состојби во работењето на членките на Групацијата. Беше укажано дека се потребни измени и на другите закони, што се од интерес за компаниите – членки на Групацијата за оружје и опрема, како Законот за пиротехнички и други материјали и Законот за ловство. За таа цел, бизнис заедницата активно ќе се вклучи во работните групи од ресорните министерства за анализа и подготовка на квалитетни нови предлог-текстови за измени и дополнувања на законите..

На основачката Седница на групацијата, одржана на 23.3.2016 година, беа донесени следните Одлуки и Правила:

Контакт лице: Сашо Деспотоски
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба Работи на формирање, вршење на активности за потребите на Аналитички центар на Стопанската комора на Северна Македонија

Телефон: + 389 2 3244089
Е-адреса: [email protected]