„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Нови прописи

ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.13 ОД 23.1.2023 ГОДИНА)

30.01.2023

Со Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија" бр. бр.14/07, 103/08, 130/08, 139/09, 156/10, 127/12, 41/14, 160/14, 72/15, 129/15, 173/15, 192/15, 217/15, 30/16 и 83/18)се уредуваат погодностите за инвестирање во технолошките индустриски развојни зони, условите, начинот и постапката за основањето,развојот и работењето на технолошките индустриски развојни зони, дејноститекои се вршат во технолошките индустриски развојни зони и посебните услови за нивно вршење, стекнувањето со објекти, постапката за издавање на одобрение заградење, постапка за давање закуп на земјиште во технолошко индустриска развојна зона на закупец на земјиште кој ќе изгради објект за потребите накорисник,постапката за давање под закуп на градежното земјиште во зоните надаватели на услуги од јавен интерес, како и постапката за потврдување наизградени, односно започнати со градба објекти кај кои што не е утврден правниот статус во рамките на зоните, примената на царинските прописи вотехнолошките индустриски развојни зони, како и престанокот на работа натехнолошките индустриски развојни зони и на корисникот на технолошките индустриски развојни зони. 

Со Законот за дополнување на законот за технолошки индустриски развојни зони се врши исполнување на барањето од реег review процесите поврзани со обврските на Република Северна Македонија со Мерката 5 од БЕПС Инкпузивната рамка и барањето на Code of conduct* групата при Советот на ЕУ. 
Со членот 1 се додаваат четири нови дефиниции, и тоа за: подобни средства за даночно ослободување од данок на добивка по основ на заштитено право од интелектуална сопственост, оправдани трошоци за истражување и развој со цел развивање на заштитено право од интелектуална сопственост, вкупни трошоци за истражување и развој со цел развивање на заштитено право од интелектуална сопственоот и вкупни приходи од заштитено право од интелектуална сопственост. 
Со членот 2 се додаваат три нови става со кои се регулира ослободувањата и олеснувањата и се дава можност за имплементација на „nexus" пристапот, односно „nexus" формулата, воедно и воспоставување на систем за следење на трошоци, приходи и расходи од корисник на зона, а одобрен од Дирекција,која со донесување на подзаконски акт подетално ќе го пропишеначинот и критериумите за воспоставување на тој систем. Понатаму, се дава можност корисник кој оставрил даночна загуба (негативна даночна основа)да ја пренесе истата на дел од добивка во идни даночни периоди која подлежи на ослободување и олеснување, но најмногу три години сметано од година во која е искажана загуба. 
Со членот 3 се интервенира во членот 9 и се обврзува пресметката на износот на приходот од нематеријалното средство кој подложи на даночното ослободување, Дирекцијата да ја поднесе до Управата за јавни приходи во определениот временски период. Со членот 3 се интервенира во Надлежностите на Дирекцијата за ТИРЗ и и' се дава право да врши пресметка на износот на приходот од нематеријалното средство кој подложи на даночното ослободување. 
Со членот 4 се интервенира во членот 12 во надлежностите на ДТИРЗ и се додава обврската за вршење пресметка на износот на приходот од нематеријалното средство кој подложи на даночното ослободување. 
Со членот 5 се уредува донесувањето на подзаконските акти.
Со членот 6 се уредува влегувањето во сила на законот.