„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Нови прописи

У Р Е Д Б А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕТО, ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ЧЛЕНСТВОТО И РАБОТАТА НА НАЦИОНАЛНАТА РУРАЛНА МРЕЖА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.25 ОД 06.02.2023 ГОДИНА)

07.02.2023

 Врз основа на член 26-а став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21 и 123/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 1 февруари 2023 година, донесе 


У Р Е Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕТО, ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ЧЛЕНСТВОТО И РАБОТАТА НА НАЦИОНАЛНАТА РУРАЛНА МРЕЖА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 1

Во Уредбата за воспоставувањето, организацијата, членството и работата на Националната рурална мрежа на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 261/21 и 206/22), во член 13 во ставот (1) зборовите „1 септември до 31 октомври во тековната година за наредната година“ се заменуваат со зборовите „1 февруари до 31 март во тековната година“. 

Член 2
Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. 

Бр. 41-871/5                                                                                                                       Претседател на Владата 
1 февруари 2023 година                                                                                        на Република Северна Македонија, 
          Скопје                                                                                                                  д-р Димитар Ковачевски, с.р.