„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
1. Генерални информации
а) Вовед
Ви благодариме за интересот за нашата веб-страна и нашите онлајн услуги. Заштитата на личните податоците на посетителите и нивното користење на нашата веб страна е наш најголем приоритет. Токму затоа, оваа Политика е направена за да ве информира за обработката на вашите лични податоци и кои се вашите права.
б) Контролор
Ние, Стопанска комора на Македонија согласно Законот за заштита на личните податоци сме контролори и сме одговорни за обработката на личните податоци кои се обработуваат од наша страна.
в) Офицер за заштита на личните податоци
Може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Стево Серафимов во секое време на следниве контактни податоци: „Димитрие Чуповски 13“, Скопје, Телефон: [02 3244 032, e-mail: [email protected].
2. Oбработка на вашите лични податоци при посета на нашата веб страна
Вашата посета на нашата веб-страна ќе биде евидентирана. Исто така, евидентирани ќе бидат и следите податоци: IP адресата што ја користи вашиот уред, датумот и времето, видот на прелистувачот и оперативниот систем на вашиот уред, пристапните страни.
Овие лични податоци се собираат заради оптимизирање и подобрување на нашата веб-страна. Обработката ја засноваме на легитимен интерес, бидејќи наш легитимен интерес е да ја заштитиме нашата веб-страна и да го подобриме нејзиниот квалитет.
Формулар за контакт
Можете да го користите формуларот за контакт на нашата веб-страна [линк до формуларот за контакт] за да не контактирате за какво било барање. Личните податоци со кои го пополнувате формуларот за контакт ќе бидат обработени само за одговарање на вашето барање.
Cookies/Колачиња
За да ја направиме вашата посета на нашата веб-странa попријатна и да овозможиме употреба на одредени функции, може да користиме „колачиња“.
Колачињата се мали датотеки со текст што се зачувани на вашиот терминален уред. Некои од колачињата што ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата на прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат нам или на нашите партнерски компании да го препознаваме вашиот прелистувач при следната ваша посета на нашата веб страна. За поставувањето на различен тип на колачиња, претходно ќе ви биде побарана согласност. Ако колачињата не се прифатат, функционалноста на нашата веб-страница може да биде ограничена.
За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“ [линк].
Обработувачи
Може да користиме трети страни даватели на услуги за обработка на вашите лични податоци.Овие даватели на услуги може да се лоцирани во и надвор од Европската Унија (ЕУ) и Европската економси простор (ЕЕП).
Ние потврдуваме дека овие обработувачи ги обработуваат личните податоци во согласност со европското законодавство за заштита на личните податоците за да гарантираат соодветно ниво на заштита на личните податоците, дури и ако личните податоци се пренесени во земја надвор од ЕЕП за која не постои одлука за соодветност на Агенцијата за заштита на личните податоци.
Преносот на личните податоци на други обработувачи не се извршува, освен во случај кога сме обврзани со закон. За повеќе информации во врска со соодветните заштитни мерки за меѓународен трансфер на личните податоци или копија од нив, контактирајте го нашиот Офицерот за заштита на личните податоци.
Период на чување
Личните податоци што се дадени преку нашата веб-страница ќе се чуваат додека не се исполни целта за која се обработуваат. Сепак, рокот на чување може да се измени и заради наш легитимен интерес (на пр. за да се гарантира безбедност на податоците, да се спречи злоупотреба или да се гонат кривични дела).
3. Ваши права
Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве:
- Право на информации и право на пристап на субјектот до личните податоци
- Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци
- Право на бришење на личните податоци
- Право на ограничување на обработката
- Право на преносливост на податоците - право да ги добиете ваши лични податоци во стуктуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор
- Право на приговор против обработката на личните податоци
- Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста
- Право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци