„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Совет за напредни технологии

  • Дома
  • Совет за напредни технологии

 

Советот за напредни технологии е еден од новоформираните Совети во рамки на процесот на операционализација на стратегијата за создавање „Комора на иднината“.

Активностите на Советот за напредни технологии во рамки на Стопанската комора се примарно насочени кон овозможување полесно усвојување на напредни технологии од страна на приватниот сектор со цел зголемување на неговата продуктивност и конкурентност. Во овој контекст, Советот ја има улогата на ефикасен иницијатор, промотор и олеснувач на процесот на комуникација кој треба да резултира со поврзување на потребите на приватните компании за знаења за напредните технологии со релевантните пунктови на тоа знаење во рамки на општеството. На тој начин, Советот ќе им помогне на компаниите да го добијат на квалитетен, брз и ефикасен начин потребното знаење за усвојување на напредна технологија.

Спојувањето на компаниите на кои им треба знаење со пунктовите на знаење е директно, но не мора задолжително да биде институционално. Клучно е да се испорачаат опипливи резултати за компаниите што значи дека Советот не е „дебатен клуб“ туку ефикасен двигател на работите.

Пристап до активностите на Советот имаат сите компании во земјата, а не само членките на Комората. Целокупниот процес носи придобивки за сите вклучени страни во процесот, за компаниите, за продавачите на знаење и за Комората. 

Дополнително, предвидено е Советот да организира и промотивни активности за напредните технологии, поврзани со дигитализацијата, итн. Со тоа Советот креира форум за промоција и поттикнување на воведувањето на напредни технологии и во рамки на поширокото деловното окружување со што дополнително влијае во насока на олеснување на функционирањето на приватниот сектор.

За реализација на своите активности Советот развива ефективна комуникација со сите заинтересирани страни, бизниси, институции или поединци, со цел вмрежување на потенцијалните соговорници, без разлика на кој сегмент припаѓаат, и сето тоа во функција на наоѓање квалитетни решенија. Притоа, Советот не се ограничува само на човечкиот капитал лоциран во земјата туку за реализација на своите идеи и проекти ги користи и знаењето и искуствата на македонската дијаспора.

Моментно, претседател на Советот за напредни технологии е Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком. Членови на Советот се Љупчо Коцарев, Иван Чорбев, Никола Димовски, Илијанчо Гаговски, Тони Стојановски,  Весна Иваноска, Марта Наумовска Грнарова, Лидија Георгиева, Тереза Серафимова, Нина Ангеловска, Алек Ицев, Кати Ицева и Антони Пешев. Сите тие се врвни професионалци кои, секој на свој начин и од свој агол, можат да придонесат за поголема употреба на напредни технологии од страна на економските субјекти во земјата.