„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето услуги во државната служба

30.08.2024

Надлежно е Министерство за јавна администрација.

Цели на предлог на регулативата:

Основната цел на Предлог законот за изменување на Законот за воведувањето на системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, е усогласеност со позитивните законски прописи, доследно почитување и исполнување на обврските од истите, поточно усогласеност со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа во однос на утврдување на надлежност на Министерството за јавна администрација и усогласеност со Законот за прекршоците во насока на намалување на прекршочните глоби преку утврдување на точен распон на висината на истите.

Крајната цел на предлог законот е хармонизација на правниот систем и создавање правен амбиент за да може да се ползуваат ефектите од намалените санкции.