„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
20.09.2024
Цели на предлог регулативата:
Со новиот Закон за образование на возрасните, се очекува да се постигнат следните цели:
1) Подобрување на образовната и квалификациската структура и подобрување на можностите за вработување на населението,
2) Создавање основа за одржлив социо-економски развој на Република Северна Македонија,
3) Зголемување на професионалната мобилност и флексибилност на работоспособното население,
4) Намалување на сиромаштијата, постигнување еднаквост, социјална инклузија и меѓугенерациска солидарност,
5) Подобрување на квалитетот на животот - лична, семејна, природна и социјална средина,
6) Развој на демократијата, интеркултуралноста и толеранцијата и
7) Интеграција во европскиот социјален и економски простор со почитување на европските образовни рамки.