„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (*), по скратена постапка

23.09.2024

Предлагач е Владата на РСМ

II.ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на предложениот закон е имплементација на препораките од Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на Комитетот MONEYVAL при Советот на Европа, усвоен во мај 2023 година, усогласување со законодавството на ЕУ, заклучок на Владата на Република Северна Македонија и др. Предлогот на закон ги содржи следните решенија: - прецизирање на одредби поврзани со адресирање на недостатоци на одредби од законот утврдени со Извештајот од петтиот круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на Комитетот MONEYVAL при советот на Европа, усвоен во мај 2023 година (одредби во врска со мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам, надзорот, прекршочните одредби и др.) и прописите на ЕУ и др.