„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
08.10.2024
Предлагач е Влада на РСМ, надлежно е Министерство за животна средина и просторно планирање.
Основна цел на Предлог законот за изменување на Законот за квалитет на амбиентен воздух е усогласеност со позитивните законски прописи, доследно почитување и исполнување на обврските од истите, односно усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Крајна цел е хармонизација на правниот систем.