„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
08.10.2024
Предлагачи Група на пратеници.
ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со предложените измени и дополнувања се врши усогласување на Законот за јавните набавки со Законот за општа управна постапка за ситуации кои не се изречно регулирани во Законот за јавните набавки, односно случаи кога жалителот пропуштил или навремено не ја платил административната такса и надоместокот за водење на постапката. Имено, согласно член 137 став 1 од Законот за јавните набавки е уредено дека „На дејствијата во жалбената постапката кои не се уредени со одредбите од овој закон ќе се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка“.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основна цел на предложениот закон е усогласување со Законот за административните такси и Законот за управни спорови.