„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ

25.01.2023

Согласно со известувањето на Министерството за финансии, со предложените измени и дополнувањата на Законот за Управата за јавни приходи подетално се опишува делокругот на работата на Управата за јавни приходи; се поедноставува организациската структура во Управата согласно новите процеси (автоматизација на деловните активности) со тоа што се предвидува дека начинот на формирање, видот, бројот, структурата и обемот/делокругот на работа на организациските единици ќе се пропишат со внатрешен акт на Управата за јавни приходи.

Потребата од претходно споменатото произлезе од днамиката со цел континуирано спроведување на модернизацијата на ИТ системите на Управата, како и доделување на нови надлежности на УЈП, кои претпочитаат динамично организирање на работата во Управата, на централно ниво.
Се воведува и појаснува структурата и функционалностите на Даночниот информационен систем (ИДИС); се прецизира соработката која ја има Управата со други државни органи и институции со кои разменува податоци за даночни цели; подетално се наведуваат надлежностите на овластените лица во Управата; се прецизира статусот, класификацијата, посебните должности и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници; воведување на можност за Secondment односно одреден даночен службеник може да биде упатен на работа или обука во меѓународна организација во која што членува Управата за јавни приходи. 
Исто така со предложените измени заради зголемена ефикасност и ефективност во даночните постапки се пропишува соодветен додаток на платата на вработените во даночниот орган кои работат на соодветни специфични работни места. Со измените и дополнувањата исто така се предлагаат одредби со кои се врши усогласување на одредбите од овој закон со одредбите од Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (Службен Весник на РСМ бр. 98/19) со кој се уредува Националната платформа за интероперабилност од аспект на спореведување на поефикасна и поефективна даночна постапка.
Целосниот текст на предлог законот е достапен на следниот линк.