„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА (ЗНБП) 2022/346 НА СОВЕТОТ ОД 1 МАРТ 2022 ГОДИНА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА 2014/512/ЗНБП ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ПОГЛЕД НА ДЕЈСТВИЈАТА НА РУСИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.65/2022 ОД 17.03.2022 ГОД.)

18.03.2022

ОДЛУКА
ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА (ЗНБП) 2022/346 НА СОВЕТОТ ОД 1 МАРТ 2022 ГОДИНА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА 2014/512/ЗНБП ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ПОГЛЕД НА ДЕЈСТВИЈАТА НА РУСИЈА ЗА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО УКРАИНА
Член 1
Со оваа oдлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2022/346 на Советот од 1 март 2022 година за изменување на Одлуката 2014/512/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина.
Член 2
Оваа oдлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- финансиски мерки;
- ембарго на стоки и услуги.
Член 3
Се определуваат Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за финансии - Управа за финансиско разузнавање и Министерство за финансии - Царинска управа, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски и Народната банка на Република Северна Македонија за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката (ЗНБП) 2022/346 на Советот од 1 март 2022 година за изменување на Одлуката 2014/512/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина, во оригинал на англиски и во превод на македонски јазик е даден во прилог и е составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки ќе се применуваат до 31 јули 2022 година.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2095/1
 Претседател на Владата
8 март 2022 година
на Република Северна Македонија,
Скопје
д-р Димитар Ковачевски, с.р.