„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА ВИДОТ НА ШТЕТНИ МАТЕРИИ, КАКО И НАЧИНОТ И МЕТОДИТЕ НА ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОЦИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТНИТЕ МАТЕРИИ И ДРУГИ ЗАГАДУВАЧИ/КОНТАМИНЕНТИ (ФИЗИЧКИ, ХЕМИСКИ И БИОЛОШКИ) ВО ОБРАБОТЕНИОТ ТУТУН И ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН

25.04.2023

Врз основа на член 66 став 3 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19, 27/20 и 56/21), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ВИДОТ НА ШТЕТНИ МАТЕРИИ, КАКО И НАЧИНОТ И МЕТОДИТЕ НА ЗЕМАЊЕ ПРИМЕРОЦИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТНИТЕ МАТЕРИИ И ДРУГИ ЗАГАДУВАЧИ/КОНТАМИНЕНТИ (ФИЗИЧКИ, ХЕМИСКИ И БИОЛОШКИ) ВО ОБРАБОТЕНИОТ ТУТУН И ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН
Член 1
Со овој правилник се пропишува видот на штетни материи, како и начинот и методите на земање примероци за утврдување на штетните материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи од тутун.
Член 2
Штетните материи во обработениот тутун и производите од тутун се делат на следните видови:
  • штетни материи од физичко потекло кои се радио- нуклиди во обработениот тутун и производите од тутун;
  • штетни материи од хемиско потекло кои се тешки метали и металоиди, како и резидуи од активните суп- станции од фитофармацевтски производи во максимални- те нивоа во обработениот тутун и производите од тутун и
  • штетни материи од биолошко потекло кои се штетни организми како: тутунски молец или тутунов пламенец - Ephestia eluetella Hub во обработениот тутун и тутунска буба - Lasioderma serricorne F. во об- работениот тутун и производите од тутун.
Член 3
Утврдувањето на видот на штетните материи и дру- ги загадувачи/контаминенти во обработениот тутун и производите од тутун се врши на следниот начин:
  • со земање примероци за праќање на анализа во ак- редитирани лаборатории на обработениот тутун и про- изводите од тутун, по однос на штетните материи од физичко и хемиско потекло, согласно стандардот ISO 17025 и
  • со визуелен преглед на обработениот тутун и про- изводите од тутун, како и материјалот во кој е пакуван, по однос на штетните материи од биолошко потекло, кој се врши на местото на истовар со земање на примероци согласно стандардите МКС ISO 4874 и MKC ISO 8243.
Член 4
Начинот и методите на земање на примероци за утврдување на штетните материи од физичко потекло во обработениот тутун и производите од тутун се вршат согласно член 11 од Правилникот за максимално дозволени количини на радионуклиди во храна, вода, воздух, земјиште, производи и суровини од животинско и растително потекло и предмети за општа употреба.
Член 5
Обработениот тутун и производите од тутун (без опаковга, без цигарна и филтер хартија, како и без филтер), сметано на тежина од 1 kg не треба да ги сод- ржат следните видови на тешки метали и металоиди:
-               кадмиум повеќе од 1 mg;
-               жива повеќе од 3 mg;
-               арсен повеќе од 3 mg;
-               олово повеќе од 10 mg;
-               хром повеќе од 50 mg и
-               никел повеќе од 50 mg.
Обработениот тутун и производите од тутун не треба да содржат резидуи од активните супстанции на фитофармацевтски производи во количества поголеми од максималните нивоа дадени во Прилог, кој е составен дел на овој правилник.
Член 6
Начинот и методите на земање на примероци за утврдување на штетните материи од биолошко потекло во обработениот тутун и производите од тутун се вршат согласно членовите 10 и 11 од Правилникот за начинот на спроведување на здравствен преглед и начинот на земање на примероци на тутун над кои се врши фитосанитарен мониторинг.
Член 7
Прегледот на домашно произведениот и увезениот обработен тутун и производите од тутун и на неговата пропратна документација се врши од страна на државниот земјоделски инспектор.
По извршениот преглед од ставот 1 на овој член, од страна на државниот земјоделски инспектор се земаат примероци за анализа согласно член 3 од овој правилник и составува записник.
Примерокот за анализа, записникот од ставот 2 на овој член, како и барањето за вршење на анализа се доставуваат до акредитирана лабораторија од областа на тутунот најдоцна до 48 часа од времето на земање на примерокот.
Член 8
Прегледот и земањето примероци за анализа на обработениот тутун и производите од тутун согласно член 3 од овој правилник, се врши во присуство на овластено/вработено лице од страна на извозникот/увозникот на обработениот тутун, домашниот производител и/или увозникот на производите од тутун кое определува лица кои ќе вршат помошни дејствија при земањето на примероците.
Член 9
Штетните материи и другите загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во земените примероци на обработениот тутун и производите од тутун се утврдуваат во акредитирана лабораторија за анализа на штетни материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработе- ниот тутун и производите од тутун, која е акредитира на согласно стандардот ISO 17025.
Член 10
Акредитираната лабораторија по извршената анализа изготвува извештај од тестирањето и истиот го доставува до државниот земјоделски инспектор, до извозникот/увозникот на обработениот тутун, домашниот производител и/или увозникот на производот од тутун.
Член 11
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 29-1713/2                                              Министер за земјоделство,
28 март 2023 година                        шумарство и водостопанство,
Скопје                                                              Љупчо Николовски, с.р.
Прилог
МАКСИМАЛНО НИВО НА РЕЗИДУИ (МНР) ОД АКТИВНИТЕ СУПСТАНЦИИ ОД ФИТО- ФАРМАЦЕВТСКИ ПРОИЗВОДИ ВО ОБРАБО- ТЕНИОТ ТУТУН И ПРОИЗВОДИТЕ ОД ТУТУН
Ред.
број
Активна
супстанција
МНРК mg/kg (ppm), се однесува на делот со тутун
1.
ALDIKARB + ALDIKARBSULFOKSID + ALDOKSIKARB
10 (сметано како Aldikarb)
2.
ALDRIN (сам или заедно со DIELDRIN)
0,3 (сметано како dieldrin)
3.
BENALAKSIL
0,1
4.
BIFENTRIN
5,0
5.
CINEB
50,0
6.
ENDRIN
03
7.
HEPTAHLOR (+ IZOMERI) + HEPTAHLOR EPOKSID
0,2 (сметано како heptahlor)
8.
DAZOMET
0,02
9.
DELTAMETRIN
5,0
10.
DIAZINON
10
11.
DDT и метаболити
20
12.
DIFENAMID
0,1
13.
DIHLOROPROPEN
0,05
14.
DIHLORVOS
10
15.
DIKOFOL
5,0
16.
DIMEFOKS
0,01
17.
DIMETOAT
+OMETOAT
1,0 (вкупно)
18.
DINOKAP
15
19.
DISULFOTON и метаболити
1,0
20.
DITIOKARBAMATI
25 (вкупно сметано како CS2)
21.
ENDOSULFAN
20,0
22.
ETEFON
80,0
23.
ETOPROFOS
0,2
24.
FENITROTION
10
25.
FOKSIM
1,0
26.
FONOFOS
02
27.
FORAT (вклучува токсични метаболити)
0,2
28.
FORMOTION
1,0
29.
FOSFAMIDON
10
30.
FOSFOROVODOROD (PH3), FOSFID
0,01
31.
HCH (alfa+beta+delta)
05
32.
HCD
03
33.
IMIDAHLOPRID
50
34.
KAPTAN
5,0
35.
KARBOFURAN
2,0
36.
HLORPIRIFOS
0,05
37.
LAMBDA
CIHALOTRIN
1,0
38.
LINDAN
10
39.
MALATION
3,0
40.
MALEINSKI HIDRAZID
50,0
41.
MANKOZEB
50,0
42.
METALOKSIL
20
43.
METIDATION
10
44.
METOBROMURON
10