„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО

02.05.2023

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Републикa Македонија“ бр. 16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10,158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Републикa Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 април 2023 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО
Член 1
Во Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/23 и 78/23) во членот 3 зборовите „30 април 2023 година“ се заменуваат со зборовите „31 мај 2023 година“.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-4400/3                                                   Прв заменик на претседателот на Владата на
28 април 2023 година                                                Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                  д-р Artan Grubi, с.р.