„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ

02.05.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 26 април 2023 година.
 
Бр. 08-2475/1                                                                      Претседател на Република
26 април 2023 година                                                        Северна Македонија,
Скопје                                                                                     Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател на Собранието на
Република Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ
 
Член 1
Во Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија” број 135/2007, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/19 и 178/21), во членот 39 став 1 зборот „пет“ се заменува со бројот „15“.
Во ставот 4 по бројот 23 се додаваат зборовите:
„став 1“.
Член 2
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.