„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица

01.06.2023

Цели на предлог регулативата:
Со донесување на предлог законот ќе се обезбеди водење родово разделена статистика на деловните субјекти, односно во обрасците кои се пополнуваат при  упис на основање/упис на промена на фирма да се внесе  опцијата  “пол“  ( машки, женски )  во делот на податоците за физичките лица кои се јавуваат во различни улоги во правните субјекти (сопственик и управител ), со што при внесување на податоците од обрасците во регистарот ќе се внесе и полот на сопственикот  и управителот за секој деловен субјект.
Тоа ќе доведе до системски приод во обезбедувањето на овие податоци што ќе создаде можност за изготвување на разни  публикации во кои ќе бидат прикажани потребни и доволно податоци за економската активност на жените кои би дале јасна слика за бројот на компании кои се во сопственост и управувани од жени, во која категорија ( микро, мали, средни, големи) се тие компании, во кои дејности се, во кои општини, односно во кои плански региони припаѓаат, колку лица вработуваат, каква е нивната застапеност на меѓународните пазари  итн. Ова ќе претставува солидна основа за обезбедување на следење на  состојбите и движењата кај истите преку креирање на солидна база на податоци заради креирање на соодветни политики, односно мерки и активности во насока на поттикнување и поддршка на разавојот на женското претприемништво во земјава.
Во однос на Предлог измената на Законот која се однесува на начинот на постапувањето со личните податоци, како цел која треба да биде постигната е усогласување со Законот за заштита на личните податоци и  обезбедување на условите за регулирање на законитоста на обработката на личните податоци при спроведување на овластувањата и обврските на Централниот регистар согласно закон, а особено воспоставување и примена на конкретни заштитни мерки за заштита на личните податоци кои се објавуваат јавно на web страната на Централниот регистар.
 Текст на