„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Закон за гаранција на РСМ на обврските по Финасискиот договор за заем на Развојната банка на Северна Македонија А.Д. Скопје за мали и средни претпријатија средно пазарно капитализирани претпријатија и зелена транзиција, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје

22.06.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
 
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
НА ОБВРСКИТЕ ПО ФИНАНСИСКИОТ ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ НА РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, СРЕДНО ПАЗАРНО КАПИТАЛИЗИРАНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА, КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА И РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
 
Се прогласува Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор за заем на Развојната банка на Северна МАКЕДОНИЈА АД Скопје за мали и средни претпријатија, средно пазарно капитализирани претпријатија и зелена транзиција, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 14 јуни 2023 година.
Бр. 08-3257/1                                                         Претседател на Република
14 јуни 2023 година                                                   Северна Македонија,
Скопје                                                                         Стево Пендаровски, с.р.
                                            Претседател
                             на Собранието на Република
                                    Северна Македонија,
                                         м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н
ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ОБВРСКИТЕ ПО ФИНАНСИСКИОТ ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ НА РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, СРЕДНО ПАЗАРНО КАПИТАЛИЗИРАНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА, КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА И РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ
 
Член 1
Република Северна Македонија го гарантира исполнувањето на обврските од Финансискиот договор за заем на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за мали и средни претпријатија, средно пазарно капитализирани претпријатија и зелена транзиција во износ од 100.000.000 евра, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, доколку Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје не ги исполнува и сервисира обврските во рокови и услови предвидени во Финансискиот договор.