„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник бр.143 од 06.07.2023 г. Решение за изменување на решение за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло

07.07.2023

Врз основа на член 66 став (7) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ВИДОТ НА АКТИВНОСТИТЕ И ТЕМИТЕ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПОДДРШКА, ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД НА ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ, ОПШТИТЕ И ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДДРШКАТА, КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ И УСЛОВИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ КОРИСНИЦИТЕ
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува видот на активностите и темите кои се предмет на поддршка, детален преглед на прифатливи трошоци, општите и посебни услови за доделување на поддршката, критериумите за избор на корисници и условите кои треба да ги исполнуваат корисниците.