„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник број 153 од 19.07.2023 г. Автентично толкување на член 25 од Законот за даноците на имот

20.07.2023

Врз основа на членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 18 јули 2023 година, даде
АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 25 СТАВ (1) ТОЧКА 10) ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 И 23/16 И „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 96/19, 151/21 И 151/21)
Членот 25 став (1) од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19, 151/21 и 151/21), гласи:
„Данок на промет на недвижности не се плаќа:
1) на прометот на недвижности во постапката на експропријација;
2) кога странско дипломатско, односно конзуларно претставништво го пренесува правото на сопственост на недвижности, под услов на реципроцитет;
3) кога правото на сопственост се пренесува заради намирување на обврските по основа на јавни приходи во постапката за присилна наплата;
4) на прометот на недвижности меѓу државни органи, меѓу државни органи и општините и меѓу општините;
5) на прометот на недвижности во постапката на конфискација;
6) на прометот на станови во општествена сопственост, доколку во купопродажниот договор не е уредено чија е обврската за плаќање на данокот;
7) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на државни органи заради наплата на побарувања во стечајни и извршни постапки;
8) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на давателот на доживотното издржување кој во однос на примателот на издржувањето се наоѓа во прв наследен ред и тоа само за делот на недвижноста кој би го наследил според Законот за наследување и без давање на издршката;
9) на првиот промет на станбени згради и станови кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата на кој е пресметан данок на додадена вредност;
10) при вложување на недвижности во капиталот на трговските друштва;
11) на тргувањето со хартии од вредност, во смисла на Законот за хартии од вредност и
12) кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на банките како доверители, заради наплата на парично побарување, доколку во рок од три години го продадат стекнатиот имот.“.
Одредбата од членот 25 став (1) точка 10) од Законот за даноците на имот треба да се толкува така што, кога се спроведува статусна промена како присоединување, спојување и поделба на друштвата со која се врши и пренос на имот (недвижност) во капиталот на друштвата, кога содружникот, односно акционерот отстапува и пренесува имот (недвижност) како влог во трговското друштво во постапка на основање и во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото, се смета за вложување на недвижности во капиталот на трговските друштва, со што даночните обврзници се ослободени од плаќање на данок на промет на недвижност.
 
                                                      СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
                                                                         МАКЕДОНИЈА
Бр. 08-3793/1                                         Претседател на Собранието
18 јули 2023 година                       на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                 м-р Talat Xhaferi, с.р.