„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.154 од 20.07.2023 г. Закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи

21.07.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 18 јули 2023 година.
 
Бр. 08-3782/1                                                Претседател на Република
18 јули 2023 година                                       Северна Македонија,
Скопје                                                             Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ
 
Член 1
Во Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ број 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 215/21), во членот 266-а по став (7) се додава нов став (8), кој гласи:
„(8) Кога износот на достасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече.“.