„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.154 од 20.07.2023 г. Закон за вештачење

21.07.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ (*)
 
Се прогласува Законот за вештачење(*), што Собранието на Република Северна Македонија
го донесе на седницата одржана на 18 јули 2023 година.
 
Бр. 08-3789/1                                     Претседател на Република
18 јули 2023 година                              Северна Македонија,
Скопје                                                    Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ (*)
 
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на законот
Член 1
Со овој закон се уредува вршењето на вештачењето, условите и начинот на вршењето на вештачењето, субјектите што вршат вештачење, условите и постапката за полагање испит за вештак, услови за издавање, престанок или за одземање лиценца за вештачење, награда и надоместок на трошоците за извршеното вештачење, основањето, надлежноста, организацијата и работењето на Комората за вештаци и другите органи на управување, посебна постапка за стекнување со лиценца за вештачење како и други прашања од значење за судските вештачења и супервештачења.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
* Со овој закон се врши усогласување со Регулативата бр. 910/2014 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ за електронска идентификација и доверливи услуги за електронски трансакции на внатрешниот пазар и укинување на Директивата 1999/93/ЕЗ, CELEX бр.32014R0910.