„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник број 154 од 20.07.2023 г. Закон за гаранција на РСМ на обврските по договорот за заем за финансирање на проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ -Скопје

21.07.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ОБВРСКИТЕ ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ЛИКВИДНОСТА НА АД ЕСМ – СКОПЈЕ ВО УСЛОВИ НА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА, КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ И АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ, СКОПЈЕ
 
Се прогласува Законот гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 18 јули 2023 година.
 
 Бр. 08-3801/1                                        Претседател на Република
18 јули 2023 година                            Северна Македонија,
Скопје                                                      Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н
ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ОБВРСКИТЕ ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ЛИКВИДНОСТА НА АД ЕСМ – СКОПЈЕ ВО УСЛОВИ НА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА, КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ И АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ, СКОПЈЕ
 
Член 1
Република Северна Македонија го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, во износ до 100.000.000 eвра, доколку Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот за заем.