„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.155 од 21.07.2023 г. Решение за изменување на решение за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на афирканска чума во РСМ кои потекнуваат и се испраќаат од Босна и Херцеговина и транзитираат низ Босна и Херцеговина

23.07.2023

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директор
 
Р Е Ш Е Н И Е ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОИ ПОТЕКНУВААТ И СЕ ИСПРАЌААТ ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И ТРАНЗИТИРААТ НИЗ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
 
Член 1
 Во Решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат и се испраќаат од Босна и Херцеговина и транзитираат низ Босна и Херцеговина („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 139/23), Прилогот се заменува со нов Прилог, кој е составен дел на ова решение.
Член 2
 Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
 
 Бр. 02 – 1901/2                                Агенција за храна и ветеринарство
18 јули 2023 година                                                  Директор,
Скопје                                                             в.д. Николче Бабовски с.р.
 
Прилог:
Региони во Босна и Херцеговина:
 - Бјелина/Bjelina,
 - Брчко/Brchko и
 - Добој/Doboj.