„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.156 од 24.07.2023 г. Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтени деривати и горива за транспорт

25.07.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 16 од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19 и 236/22), член 8 став (3) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/20, 133/20, 49/22, 54/22, 64/22 и 125/22) и Одлуката за определување на ескалираната густина е и деескалираната густина d на секој нафтен дериват и гориво за транспорт, висината на надоместокот P за премија, транспортните трошоци Т до склад во Република Северна Македонија и висината на надоместокот D за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 85/23) Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 24.7.2023 година, донесе
О Д Л У К А ЗА
УТВРДУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ МАЛОПРОДАЖНИ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ И ГОРИВА ЗА ТРАНСПОРТ
 
Член 1
(1) Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 82,50 (денари/литар)
 - Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 84,50 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 72,50 (денари/литар)
 - Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 71,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 41,001 (денари/килограм)
(2) Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени утврдени во став (1) од овој член.
 (3) Највисоките малопродажни цени формирани согласно со став (1) на овој член, освен цената за Мазутот М1 НС, важат франко пумпна станица, а цената на Мазутот М-1 НС важи франко склад на трговец на големо со нафтени деривати и горива за транспорт во земјата. (4) Во највисоките малопродажни цени формирани согласно со овој член содржан е данокот на додадена вредност согласно Законот за данокот за додадена вредност.
Член 2
(1) Во највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт утврдени со членот 1 од оваа одлука, содржани се и највисоките набавни цени, коишто изнесуваат:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 40,889 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 42,636 (денари/литар)
 -Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 39,512 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 38,807 (денари/литар)
 - Мазут М-1 НС - 31,857 (денари/килограм)
Член 3
Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа oдлука, содржан е надоместок за трошоци за работење преку склад и трговска маржа, којшто за Еуросупер БС-95 е во износ од 5,106 денари/литар, за Еуросупер БС-98 е во износ од 5,054 денари/литар, за Еуродизел БС (Д-Е V) е во износ од 5,149 денари/литар и за Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е во износ од 4,996 денари/литар, додека за Мазутот М-1 НС надоместокот е во износ од 2,00 денар/килограм.
Член 4
Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа одлука, со исклучок за Мазутот М-1 НС, содржан е надоместокот за транспортни трошоци од склад до бензински станици во износ од 0,95 денари/литар за сите нафтени деривати.
Член 5
Во највисоките малопродажни цени утврдени со членот 1 од оваа одлука содржан е надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина што согласно член 184 став (1) од Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 0,080 (денари/литар)
 - Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 0,080 (денари/литар)
 - Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 0,030 (денари/литар)
 - Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 0,040 (денари/литар)
 - Мазут М-1 НС - 0,050 (денари/килограм)
Член 6
Во највисоките малопродажните цени утврдени со членот 1 од оваа одлука содржан е надоместокот за задолжителни резерви, што согласно член 32 став (1) од Законот за задолжителни нафтени резерви го плаќаат производителите на нафтени деривати и увозниците на нафтени деривати:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 0,890 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 0,890 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 0,300 (денари/литар)
 - Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 0,300 (денари/литар)
 - Мазут М-1 НС - 0,740 (денари/килограм)
Член 7
Во највисоките малопродажните цени утврдени со членот 1 од оваа одлука акцизите што ги плаќаат обврзниците согласно прописите за акцизи, изнесуваат:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 22,00 (денари/литар)
 - Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 22,00 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 15,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 15,50 (денари/литар)
 - Мазут М-1 НС - 0,100 (денари/килограм)
Член 8
Со денот на отпочнувањето на примена на оваа одлука престанува да важи Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/23).
Член 9
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 25.7.2023 година.
 
                                                                   Регулаторна комисија за
                                                                  енергетика и водни услуги на
                                                               Република Северна Македонија,
Бр. 02-1590/1                                                      Претседател,
24 јули 2023 година                              Марко Бислимоски, с.р.
  Скопје