„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.160 од 27.07.2023 г. Одлука за именување на претседател и членови на регулаторна комисија за енергетика водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на РСМ

27.07.2023

Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, членот 18 став (1) од Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19 и 236/22), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 26 јули 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНOВИ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ НА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
 
1. За претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, се именуваат:
а) за претседател
- Марко Бислимоски, дипломиран електротехнички инженер и магистер по електротехника,
б) за членови:
- Александар Чеботарев, дипломиран електротехнички инженер и магистер по електротехника и информациски технологии,
- Фатон Амбари, дипломиран економист и
- Мерита Дема, дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии и магистер по електротехника и информациски технологии.
2. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
                                                               СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
                                                                             МАКЕДОНИЈА
Бр. 08-3915/1                                          Претседател на Собранието
26 јули 2023 година                         на Република Северна Македонија,
Скопје                                                        м-р Talat Xhaferi, с.р.