„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на Закон за дивечот и ловството

31.07.2023

Целта на овој закон е обединување на искуствата од досегашното спроведување на законите поради потребата од голем број на измени и дополнувања на Законот за ловството и прецизирање на некои одредби од Законот, поради што се пристапи кон изработка на нов текст на Законот за ловството. Во изработката на овој закон се применува начелото на траспарентност во постапката. При изработка на текстот на Законот консултирани се сите субјекти кои на директен и индиректен начин се засегнати од Законот, корисниците на дивечот во ловиштата, кој го спроведуваат овој закон, Шумарскиот факултет од Скопје на кој се изучува предметот Ловство и ловно стопанство и сите релевантни државни институции кои што имаат влијание во оваа област. Цениме дека предожените решенија ќе бидат применливи во пракса имајки ги во предвид досегашните искуства во оваа област преку ефикасно регулирање на проблематиката на користењето на дивечот и превентивни мерки за заштита на дивечот имплементирани во овој закон.