„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.167 од 07.08.2023 г. Календар за организација на учебната 2023/2024 година во јавните средни училишта

07.08.2023

Врз основа на член 23 став 5 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 229/20), министерот за образование и наука донесе
К А Л Е Н Д А Р
ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧЕБНАТА 2023/2024
ГОДИНА ВО ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА
 
Член 1
Со овој календар се утврдува организирањето на учебната година во јавните средни училишта согласно програмските целини во наставната година: полугодие, други форми на воспитно образовна дејност и ученички одмор за учебната 2023/2024 година.
Член 2
Учебната година во јавните средни училишта започнува на 1 септември 2023 година, а завршува на 31 август 2024 година.
Наставната година започнува на 1 септември 2023 година и завршува на 17 јуни 2024 година, освен за учениците од завршната година од гимназиско образование, стручно образование со четиригодишно и тригодишно траење на образованието, уметничко образование и средно стручно образование за ученици со посебни образовни потреби за кои редовната настава завршува на 27 мај 2024 година.
Член 3
Наставната година ја сочинуваат две полугодија - I и II полугодие.
Првото полугодие започнува на 1 септември 2023 година и завршува на 29 декември 2023 година.
Второто полугодие започнува на 22 јануари 2024 година и завршува на 17 јуни 2024 година.
Член 4
Во текот на учебната година учениците користат зимски, пролетен и летен одмор.
 Зимскиот одмор започнува на 30 декември 2023 година и завршува на 19 јануари 2024 година.
Пролетниот одмор започнува 29 април 2024 година и завршува на 6 мај 2024 година.
Летниот одмор започнува на 18 јуни 2024 година и завршува на 31 август 2024 година.
Член 5
За учениците од завршните години на средното образование кои ќе полагаат државна матура, училишна матура или завршен испит во јунскиот испитен рок, јавните средни училишта во времето од 28 мај до 31 мај 2024 година и од 03 јуни до 07 јуни 2024 година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат матурски интерни и завршни испити.
За учениците од завршните години на средното образование, јавните средни училишта во времето од 28 мај до 5 јуни 2024 година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити и испити за побрзо напредување.
За учениците од став 2 на овој член, полагањето на поправните испити, испитите на годината, дополнителните испити и испитите за побрзо напредување во мајската испитна сесија ќе биде организирано во времето од 28 мај до 5 јуни 2024 година.
За учениците од завршните години на средното образование кои ќе полагаат државна матура, училишна матура или завршен испит во августовскиот испитен рок, јавните средни училишта во времето од 18 јуни до 28 јуни 2024 година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити, испити за побрзо напредување, матурски интерни и завршни испити.
За учениците од став 4 на овој член, полагањето на поправните испити, испитите на годината, дополнителните испити и испитите за побрзо напредување во јунската испитна сесија ќе биде организирано во времето од 18 јуни до 28 јуни 2024 година.
Јавните средни училишта во времето од 19 jуни до 26 јуни 2024 година и од 12 август до 16 август 2024 година за учениците од прва, втора и трета година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити и испити за побрзо напредување.
За учениците од став 6 на овој член, полагањето на поправните испити, испитите на годината, дополнителните испити и испитите за побрзо напредување во јунската испитна сесија ќе биде организирано во времето од 19 јуни до 2 јули 2024 година, а во августовската испитна сесија ќе биде организирано во времето од 12 август до 20 август 2024 година.
Член 6
Екстерните испити од државната матура во гимназиското образование и четиригодишното стручно образование во јунскиот испитен рок се спроведуваат во следниве термини:
- македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 1 јуни 2024 година со почеток во 10 часот;
- англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик и математика на 8 јуни 2024 година со почеток во 10 часот.
За учениците од став 1 на овој член, кои во јунскиот испитен рок не положиле дел или сите испити од државната матура во гимназиското образование и четиригодишното стручно образование или од оправдани причини не полагале државна матура или дел од државната матура во гимназиското образование и четиригодишното стручно образование во јунскиот испитен рок, се организира втор испитен рок во август во следните термини:
- македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 12 август 2024 година со почеток во 10 часот;
- англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик и математика на 14 август 2024 година со почеток во 10 часот.
Екстерните испити од државната матура во уметничкото образование во јунскиот испитен рок се спроведуваат во следниве термини:
- македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 1 јуни 2024 со почеток во 10 часот;
- англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, односно естетика на 8 јуни 2024 година со почеток во 10 часот.
За учениците од став 3 на овој член, кои во јунскиот испитен рок не положиле дел или сите испити од државната матура во уметничко образование или од оправдани причини не полагале државна матура или дел од државната матура во уметничко образование во јунскиот испитен рок, се организира втор испитен рок во август во следните термини:
- македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 12 август 2024 година со почеток во 10 часот;
- англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, односно естетика на 14 август 2024 година со почеток во 10 часот.
Интерните испити од изборниот дел на државната матура се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии и тоа:
- во јунскиот испитен рок во периодот од од 18 јуни до 2 јули 2024 година и
- во августовскиот испитен рок во периодот од 15 август до 19 август 2024 година.
Презентацијата и одбраната на проектната задача за учениците од гимназиско образование, средно стручно образование и уметничко образование се реализира во периодот од 11 март до 15 мај 2024 година и од 19 август до 26 август 2024 година.
Член 7
Училишната матура во гимназиското образование, училишната матура во уметничкото образование и завршниот испит во четиригодишното стручно образование се спроведуваат во два испитни рока, и тоа: јуни и август.
Во јунскиот испитен рок:
- задолжителен дел (македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература) на 19 јуни 2024 година со почеток во 9 часот.
Во августовскиот испитен рок:
- задолжителен дел (македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература) на 15 август 2024 година со почеток во 9 часот.
Испитот од изборниот дел на училишната матура во гимназиското и во уметничкото образование, испитот од изборниот дел на завршниот испит во четиригодишното стручно образование и проектната задача се спроведуваат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии, и тоа:
- во јунскиот испитен рок во времето од 11 јуни до 2 јули 2024 година и
- во августовскиот испитен рок во времето од 15 август до 22 август 2024 година.
Презентацијата и одбраната на проектната задача за учениците од гимназиско образование, средно стручно образование и уметничко образование се реализира во периодот од 11 март до 15 мај 2024 година и од 19 август до 26 август 2024 година.
Член 8
Завршниот испит во тригодишното стручно образование се спроведува во три испитни рока, и тоа: јуни, август и јануари.
Во јунскиот рок:
- македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 19 јуни 2024 година со почеток во 9 часот.
Во августовскиот рок:
- македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 15 август 2024 година со почеток во 9 часот.
Во јануарскиот рок- за време на зимскиот одмор на учениците.
Индивидуалната практична работа во тригодишното стручно образование се спроведува во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните училишни предметни комисии.
Член 9
Воспитно-образовната работа за учениците се организира во текот на целата работна недела.
Член 10
Во текот на наставната година во јавните средни училишта во завршната година на образованието се остваруваат најмалку 165 наставни денови, а за сите останати години на образование се остваруваат најмалку 180 наставни денови.
Член 11
На денот на училиштето се организираат културни, спортски и други манифестации.
Традиционалниот ден на просветата за припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик се одбележува со организирање на културни и други манифестации.
Денот на училиштето и традиционалниот ден на просветата за припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик, се наставни денови кога се изведуваат посебни програми.
Член 12
Работните денови кога се изведуваат ученичките екскурзии и денот на училиштето се наставни денови кога се изведуваат посебни програми.
За учениците коишто не ги посетуваат ученичките екскурзии, училиштето организира редовна настава согласно распоредот на наставни часови.
Член 13
Феријалната практика се остварува во зависност од специфичноста на образовниот профил и се изведува за време на летниот одмор на учениците.
Член 14
Со денот на отпочнувањето на примената на овој календар престанува да важи Календарот за организација на учебната 2022/2023 година во јавните средни училишта („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 178/22 и 6/23).
Член 15
Овој календар влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 септември 2023 година.
Бр. 18-8243/1                                 Министер за образование и наука,
3 август 2023 година                              Доц. д-р Jeton Shaqiri, с.р
Скопје