„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.169 од 09.08.2023 г. Правила за изменување на Правилата за определување на надоместок на штета причинета на производителите и потрошувачите на електрична енергија

10.08.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 10 и член 197 став (3) и (4) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19, 236/22), Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија на седницата одржана на ден 31 јули 2023 година донесе
П Р А В И Л А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОК НА ШТЕТА ПРИЧИНЕТА
НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И ПОТРОШУВАЧИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
 
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Во Правилата за определување на надоместок на штета причинета на производителите и потрошувачите на електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.140/23) членот 6 ставот (2) се менува и гласи:
„Операторот не може да го одбие барањето доколку е исполнет барем еден од следните услови:
- максималниот број на прекини во текот на еден ден (24 часа) е поголем или еднаков на три прекини;
- вкупниот број на прекини во текот на еден месец е поголем или еднаков на 10 прекини;
- времетраењето на намалената испорака или прекин во испораката е подолго од седум часа во континуитет или
- вкупното времетраење на намалената испорака или прекин во текот на еден календарски месец надминува 9 часа.
Член 2
Овие Правила влегуваат во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
                                                                  Регулаторна комисија за
                                                               енергетика и водни услуги на
Бр. 01-1666/1                           Република Северна Македонија,
31 јули 2023 година                                  Претседател,
Скопје                                                Марко Бислимоски, с.р