„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник бр.174 од 16.08.2023 г. Правилник за изменување и дополнување на правилникот за минимални барања за прием обработка резервација и исплата на барање за надомест на штета или осигурен износ

17.08.2023

Врз основа на член 158-а став (2) и член 158-ѕ став (1), а во врска со член 106-а став (5) од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.27/02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 08/08, 88/08, 56/09, 67/10, 44/11, 88/13, 43/14, 12/14, 153/15, 192/15, 23/16, 83/2018 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/19, 31/20 и 173/22), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на ден 1.8.2023 година донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА МИНИМАЛНИ БАРАЊА ЗА
ПРИЕМ, ОБРАБОТКА, РЕЗЕРВАЦИЈА И ИСПЛАТА НА БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И/ИЛИ ОСИГУРЕН ИЗНОС ВО ФУНКЦИЈА НА ПОДОБРА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ
 
Член 1
Во Правилникот за минимални барања за прием, обработка, резервација и исплата на барање за надомест на штета и/или осигурен износ во функција на подобра заштита на правата на осигурениците (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 224/2020) во член 5 ставот 6 се менува и гласи:
“Друштвото за осигурување е должно да издвојува резерва за штети се до денот на исплата на барањето за надомест, односно до денот на донесување на негативна одлука по барањето за надомест.”
По ставот (6) се додаваат два нови става (7) и (8) кои гласат:
“(7) Во случај на делумна исплата по делумно одлучување по барањето за надомест, друштвото за осигурување е должно во соодветен сооднос за кој барањето не е целосно одлучено да ја издвојува резервата за штета сѐ до целосна исплата по барањето за надомест, односно до донесување на негативна одлука по барањето за надомест.
(8) Друштвото е должно да издвојува резерва за штети и доколку има приговор од осигуреникот по барањето за надомест од денот на прием на приговорот до денот кога друштвото за осигурување ќе одлучи негативно по приговорот или ќе изврши целосна исплата во случај на позитивна одлука по приговорот по ова барање за надомест.”
Ставот (7) станува став (9).
Член 2
Во член 17 ставот (8) се менува и гласи:
„Секој примен документ кој е составен дел на барањето за надомест, како и секој документ кој е изработен од страна на друштвото, треба да биде архивиран и соодветно да содржи датум на прием, датум на изработување, датум на одлучување, односно датум на испраќање на документот.‟
Член 3
Насловот на членот 19 се менува и гласи: „Надомест на штета со вклученост на повеќе друштва за осигурување‟.
Во член 19 во ставот (1) зборовите:„ пријавена со Европски извештај‟ се бришат.
Член 4
Во член 26 ставот (8) се менува и гласи:
„ Секој примен документ, како и секој документ кој е дел од досието на Барањето за надомест треба да биде архивиран и да содржи датум на прием, датум на одлучување, односно датум на испраќање. ‟
Член 5
Во членот 28 се додава нов став (3) кој гласи:
„(3) Роковите за начинот на евиденција обработка и исплата на штета предвидени со овој правилник се однесуваат и на барањата за надомест по основ на зелена карта, освен доколку не е поинаку регулирано со меѓународен договор или закон.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 6
Одредбите од член 1 од овој правилник со кои во членот 5 од Правилникот за минимални барања за прием, обработка, резервација и исплата на барање за надомест на штета и/или осигурен износ во функција на подобра заштита на правата на осигурениците се додава нов став (8), ќе започнат да се применуваат од 1.1.2024 година.
Член 7
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 01-633/1                                                Совет на експерти
1 август 2023 година                                       Претседател,
Скопје                                                            Крсте Шајноски, с.р