„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник бр.174 од 16.08.2023 г. Правилник за формата, содржината и начинот на водење регистри на осигурителни брокери, осигурително брокерски друштва, застапнци во осигурувањето, друштво за застапување во осигурувањето и банки

17.08.2023

Врз основа на член 158-б став (1) точка 4 и член 158-s точка 1 а во врска со членот 152 став (1) од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2002, 79/2007, 88/2008, 67/2010, 44/2011, 188/2013, 112/2014, 153/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018, 198/2018) и (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/2019, 31/2020 и 173/2022), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на ден 1.8.2023 година, го донесе следниот
П Р А В И Л Н И К
ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА
ВОДЕЊЕ РЕГИСТРИ НА ОСИГУРИТЕЛНИ БРОКЕРИ, ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИ ДРУШТВА,
ЗАСТАПНИЦИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО, ДРУШТВА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО И
БАНКИ
 
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на водење регистри на осигурителни брокери, осигурително брокерски друштва, застапници во осигурување, друштва за застапување во осигурување и банки кои се овластени за вршење работи на застапување во осигурување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
II. ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ
Член 2
Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следново значење:
1. Закон – Закон за супервизија на осигурување;
2. Агенција – Агенција за супервизија на осигурување;
3. Друштво за осигурување - друштво за осигурување и/или друштво за реосигурување кое има добиено дозвола за вршење работи на осигурување односно реосигурување од страна на Агенцијата;
4. Осигурително брокерско друштво – осигурително брокерско друштво кое има добиено дозвола за вршење осигурително брокерски работи од страна на Агенцијата;
5. Друштво за застапување во осигурување – друштво за застапуавње во осигурување кое има добиено дозвола за вршење работи на застапување во осигурување од страна на Агенцијата;
6. Банка – банка која има добиено согласност за вршење работи на застапување во осигурување од
страна на Агенцијата и дозвола од Народната банка на Република Северна Македонија;
7. Осигурителен брокер – физичко лице кое има добиено лиценца за вршење осигурително брокерски работи од страна на Агенцијата;
8. Застапник во осигурување – физичко лице кое има добиено лиценца за вршење работи на застапување во осигурување од страна на Агенцијата.
III. РЕГИСТРИ КОИ ГИ ВОДИ АГЕНЦИЈАТА
Член 3
(1) Агенцијата води регистар на:
1. осигурителни брокери;
2. осигурително брокерски друштва;
3. застапници во осигурувањето;
4. друштва за застапување во осигурување; и
5. банки.
(2) Регистрите од ставот (1) од овој член се јавни и истите во електронски облик се достапни на интернет страницата на Агенцијата.
(3) Личните податоци на лицата од ставот (1) од овој член се собираат, обработуваат, чуваат и користат во согласност со законот со кој се уредува заштитата на личните податоци.
IV. РЕГИСТАР НА ОСИГУРИТЕЛНИ БРОКЕРИ
Член 4
Во Регистарот на осигурителни брокери се запишуваат следниве податоци:
• Име и презиме на осигурителниот брокер;
• Број и датум на решението со кое Агенцијата издала лиценца за осигурителeн брокер на лицето.
V. РЕГИСТАР НА ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИ
Член 5
Во Регистарот на осигурително брокерски друштва се запишуваат следниве податоци:
• Целосен назив на осигурително брокерското друштво и неговото седиште;
• Единствен матичен број на осигурително брокерското друштво;
• Број и датум на решението со кое Агенцијата му издала дозвола за вршење осигурително брокерски работи на осигурително брокерското друштво;
• Име и презиме, односно назив и седиште на основачите односно лицата кои поседуваат квалификувано учество во осигурително брокерското друштво;
• Име и презиме на членовите на органот на управување на осигурително брокерското друштво (Извршни членови на Одбор на директори или членови на Управен одбор);
• Име и презиме на најмалку двајца лиценцирани осигурителни брокери кои се вработени во осигурително брокерското друштво заедно со број и датум на решение за издавање на лиценца за осигурителен брокер за лицето;
• Службен телефонски број на осигурително брокерското друштво;
• Електронска адреса и адреса на интернетстраницата на осигурително брокерското друштво.
VI. РЕГИСТАР НА ЗАСТАПНИЦИ ВО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 6
Во Регистарот на застапници во осигурување се запишуваат следниве податоци:
• Име и презиме на застапникот во осигурување;
• Број и датум на решението со кое Агенцијата издала лиценца за застапник во осигурување на застапникот во осигурување;
• Друштво односно друштва за осигурување и/или друштво за застапување во осигурување и класи на осигурување за кои застапникот е овластен да врши работи на застапување во осигурување.
VII. РЕГИСТАР НА ДРУШТВА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 7
Во Регистарот на друштва за застапување во осигурување се запишуваат следниве податоци:
• Целосен назив на друштвото за застапување во осигурување и неговото седиште,
• Единствен матичен број на друштвото за застапување во осигурување;
• Број и датум на решението со кое Агенцијата му издала дозвола за вршење работи на застапување во осигурување на друштвото за застапување во осигурување;
• Друштво односно друштва за осигурување и класи на осигурување за кои друштвото за застапување во осигурување врши работи на застапување во осигурување;
• Име и презиме, односно назив и седиште на основачите односно лицата кои поседуваат квалификувано учество во друштвото за застапување во осигурување;
• Име и презиме на членовите на органот на управување на друштвото за застапување во осигурување (Извршни членови на Одбор на директори или членови на Управен одбор);
• Име и презиме на најмалку еден лиценциран застапник во осигурувањето кој е вработен во друштвото за застапување во осигурување заедно со број и датум на решение за издавање на лиценца за застапник во осигурување за лицето;
• Службен телефонски број на друштвото за застапување во осигурување;
• Електронска адреса и адреса на интернет страницата на друштвото за застапување во осигурување.
VII. РЕГИСТАР НА БАНКИ
Член 8
Во Регистарот на банки се запишуваат следниве податоци:
• Целосен назив на банката и нејзино седиште;
• Единствен матичен број на банката;
• Број и датум на решението со кое Агенцијата издала согласност за вршење работи на застапување во осигурување на банката;
• Број и датум на решението со кое Народна банка на РСМ издала дозвола на банката за вршење работи на застапување во осигурувањето;
• Друштво односно друштва за осигурување и класи на осигурување за кои банката врши работи на застапување во осигурување;
• Име и презиме на најмалку еден лиценциран застапник во осигурувањето кој е вработен во банката заедно со број и датум на решение за издавање на лиценца за застапник во осигурување за лицето.
IX. УПИС И БРИШЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ ВО РЕГИСТРИТЕ КОИ ГИ ВОДИ АГЕНЦИЈАТА
Член 9
(1) Уписот на податоци во соодветниот регистар се врши врз основа на:
1. решение (лиценца, дозвола, согласност) издадено од Агенцијата,
2. поднесено известување и соодветна документација од страна на субјектот за промена на податоците кои се запишуваат во регистарот и
3. по службена должност.
(2) Лицето, друштвото односно банката е должно да ја извести Агенцијата за секоја промена на податоците запишани во регистарот во рокови утврдени со Законот за супервизија на осигурување, а доколку ваков рок не епредвиден во законот, најдоцна во рок од 15 дена од денот на настанување на промената, со доставување на соодветна документација како основ за промена на податоците во регистарот.
(3) Лицето односно друштвото на кое му е одземена дозволата односно лиценцата за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи и банката на која и е повлечена согласноста за вршење работи на застапување во осигурување се брише од регистарот.
X. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 10
(1) Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
(2) Со денот на влегување во сила на овој правилник престанување да важи Правилникот за формата, содржината и начинот на водење регистри на застапници во осигурувањето, друштва за застапување во осигурувањето, осигурителни брокери,осигурително брокерски друштва и банки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/2011 и 50/2015).
Бр. 01-634/1                                 Совет на експерти
1 август 2023 година                       Претседател,
Скопје                                           Крсте Шајноски, с.р