„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник бр.174 од 16.08.2023 г. Правилник за формата, содржината и начинот на водење регистри од страна на друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва и друштвата за застапување во осигурување

20.08.2023

Врз основа на член 158-б став (1) точка 4 и член 158-s точка 1 а во врска со членот 152 став (2), (3) и (4) од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2002, 79/2007, 88/2008, 67/2010, 44/2011, 188/2013, 112/2014, 153/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018, 198/2018) и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019, 31/2020 и 173/2022), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на ден 1.8.2023 година, го донесе следниот
П Р А В И Л Н И К
ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА
ВОДЕЊЕ РЕГИСТРИ ОД СТРАНА НА ДРУШТВАТА
ЗА ОСИГУРУВАЊЕ, ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА И ДРУШТВАТА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ
ВО ОСИГУРУВАЊЕ
 
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на водење регистри од страна на друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва и друштвата за застапување во осигурувањето.
II. ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ
Член 2
Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следново значење:
1. Закон – Закон за супервизија на осигурување;
2. Агенција – Агенција за супервизија на осигурување;
3. Друштво за осигурување - друштво за осигурување и/или друштво за реосигурување кое има добиено дозвола за вршење работи на осигурување односно реосигурување од страна на Агенцијата;
4. Друштво за застапување во осигурување – друштво за застапуавње во осигурување кое има добиено дозвола за вршење работи на застапување во осигурување од страна на Агенцијата;
5. Осигурително брокерско друштво – осигурително брокерско друштво кое има добиено дозвола за вршење осигурително брокерски работи од страна на Агенцијата;
6. Банка – банка која има добиено согласност за вршење работи на застапување во осигурување од страна на Агенцијата и дозвола од Народната банка на Република Северна Македонија;
7. Застапник во осигурување – физичко лице кое има добиено лиценца за вршење работи на застапување во осигурување од страна на Агенцијата;
8. Осигурителен брокер – физичко лице кое има добиено лиценца за вршење осигурително брокерски работи од страна на Агенцијата.
III. РЕГИСТАР КОЈ ГО ВОДАТ ДРУШТВАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 3
(1) Друштвата за осигурување се должни да водат регистар на:
1. застапници во осигурувањето кои се овластени да вршат работи на застапување во осигурување во име и за сметка на друштвото за осигурување врз основа на склучен договор за застапување во осигурување со друштвото за осигурување;
2. друштва за застапување во осигурувањето кои се овластени да вршат работи на застапување во осигурување во име и за сметка на друштвото за осигурување врз основа на склучен договор за застапување во осигурување со друштвото за осигурување; и
3. банки кои се овластени да вршат работи на застапување во осигурување во име и за сметка на друштвото за осигурување врз основа на склучен договор за застапување во осигурување со друштвото за осигурување.
(2) Регистарот од став (1) на овој член е јавен и истиот во електронски облик се објавува на електронската интернет страница на друштвото за осигурување.
Податоци кои се запишуваат во регистарот кој го водат друштвата за осигурување
Член 4
(1) Во регистарот од член 3 став (1) точкa 1 од овој правилник се запишуваат следниве податоци:
• Име и презиме на застапникот во осигурување;
• Број и датум на решението со кое Агенцијата издала лиценца за вршење работи на застапување во осигурување;
• Број и датум на склучување на договорот за вршење работи на застапување во осигурување;
• Класи на осигурување за кои застапникот е овластен да врши работи на застапување во осигурување за друштвото за осигурување.
(2) Во регистарот од член 3 став (1) точки 2 и 3 од овој правилник се запишуваат следниве податоци:
• Назив на друштвото за застапување во осигурувањето односно банката и неговото/нејзиното седиште;
• Број и датум на решението со кое Агенцијата издала согласност за вршење работи на застапување во осигурување и број и датум на решението со кое Народната банка на Република Северна Македонија издала дозвола;
• Број и датум на склучување на договорот за вршење работи на застапување во осигурување со друштвото за застапување во осигурување односно банката;
• Класи на осигурување за кои друштвото за застапување во осигурување односно банката е овластено/а да врши работи на застапување во осигурување за друштвото за осигурување;
• Интернет страница на друштвото за застапување во осигурувањето, односно банката.
Упис и бришење на податоци во регистарот кој го водат друштвата за осигурување
Член 5
(1) Уписот на податоци во регистарот од член 3 став (1) точка 1 од овој правилник се врши врз основа на:
1. склучен договор за застапување во осигурувањето со застапник во осигурување и решение за издавање на лиценца за застапник во осигурување од страна на Агенцијата;
2. поднесено известување и соодветна документација од страна на застапникот во осигурување за промена на податоците кои се запишуваат во регистарот.
(2) Уписот на податоци во регистарот од член 3 став (1) точки 2 и 3 од овој правилник се врши врз основа на:
1. склучен договор за застапување во осигурувањето со друштво за застапување во осигурување односно банка;
2. поднесено известување и соодветна документација од страна на друштвото за застапување во осигурување односно банката за промена на податоците кои се запишуваат во регистарот.
(3) Уписот и бришењето на податоците во регистарот од член 3 став (1) од овој правилник друштвото за осигурување е должно да ги изврши врши во рок 5 дена од:
- добиено решение за издавање на лиценца за застапник во осигурување од страна на Агенцијата на лице со кое друштвото има склучено договор за застапување во осигурување;
- денот на склучување на договор за застапување во осигурување со друштво за застапување во осигурување или банка;
- денот на добивање на известување и соодветна документација за промена на податоците кои се запишани во регистарот;
- раскинување на склучениот договор за застапување во осигурување со застапникот во осигурување, друштвото за застапување во осигурување или банката.
IV. РЕГИСТАР КОЈ ГО ВОДАТ ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА
Член 6
(1) Осигурително брокерските друштва се должни да водат регистар на осигурителни брокери кои се во редовен работен однос во осигурителното брокерско друштво врз основа на склучен договор за вработување со осигурително брокерското друштво.
(2) Регистарот од став (1) на овој член е јавен и истиот во електронски облик се објавува на интернет страницата на осигурително брокерското друштво.
Податоци кои се запишуваат во регистарот кој го водат осигурително брокерските друштва
Член 7
Во Регистарот од член 6 став (1) од овој правилник се запишуваат следниве податоци:
• Име и презиме на осигурителниот брокер кој врз основа на склучен договор за вработување со осигурително брокерското друштво е во редовен работен однос во друштвото;
• Број и датум на решението со кое Агенцијата издала лиценца за вршење осигурително брокерски работи;
• Број и датум на склучување на договорот за вработување со лицето.
Упис и бришење на податоци во регистарот кој го водат осигурително брокерските друштва
Член 8
(1) Уписот на податоци во регистарот од член 6 став (1) од овој правилник се врши врз основа на:
1. склучен договор за вработување со осигурителен брокер;
2. примено известување и соодветна документација за промена на податоците кои се запишуваат во регистарот.
(2) Уписот и бришењето на податоците во регистарот од член 6 став (1) од овој правилник се врши во рок 5 дена од:
- денот на склучување на договорот за вработување со осигурителниот брокер;
- денот на добивање на известување и соодветна документација за промена на податоците кои се запишани во регистарот;
- раскинување на склучениот договор за вработување во осигурување со осигурителниот брокер.
V. РЕГИСТАР КОЈ ГО ВОДАТ ДРУШТВАТА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 9
 (1) Друштвата за застапување во осигурување се должни да водат регистар на:
1. застапници во осигурувањето кои се овластени да вршат работи на застапување во осигурување во име и за сметка на друштвото за застапување во осигурување врз основа на склучен договор за вработување со друштвото за застапување во осигурување;
2. застапници во осигурувањето кои се овластени да вршат работи на застапување во осигурување во име и за сметка на друштвото за застапување во осигурување врз основа на склучен договор за застапување во осигурување со друштвото за застапување во осигурување;
3. друштва за осигурување за кои друштвото за застапување во осигурување врши работи на застапување во осигурување и класи на осигурување за кои друштвото за застапување во осигурување е овластено да врши работи на застапување во осигурување во име и за сметка на друштвото за осигурување.
(2) Регистарот од став (1) на овој член е јавен и истиот во електронски облик се објавува на интернет страницата на друштвото за застапување во осигурувањето.
Податоци кои се запишуваат во регистарот кој го водат друштвата за застапување во осигурување
Член 10
(1) Во регистарот од член 9 став (1) точки 1 и 2 од овој правилник се запишуваат најмалку следниве податоци:
• Име и презиме на застапникот во осигурувањето;
• Број и датум на решението со кое Агенцијата издала лиценца за вршење работи на застапување во осигурување на застапникот во осигурување;
• Вид на договор склучен со застапникот во осигурување (договор за вработување или договор за застапување во осигурување) како и број и датум на негово склучување;
• Класи на осигурување за кои застапникот е овластен да врши работи на застапување во осигурување во име и за сметка на друштвото за застапување во осигурување.
(2) Во регистарот од член 9 став (1) точка 3) од овој правилник се запишуваат најмалку следниве податоци:
• Назив и седиште на друштвото за осигурување;
• Број и датум на склучување на договорот за вршење работи на застапување во осигурување со друштвото за осигурување;
• Класи на осигурување за кои друштвото за застапување во осигурување е овластено/а да врши работи на застапување во осигурување за друштвото за осигурување;
• Интернет страница на друштвото за осигурување.
Упис и бришење на податоци во регистарот кој го водат друштвата за застапување во осигурување
Член 11
  1. Уписот на податоци во регистарот од член 9 став (1) од овој правилник се врши врз основа на:
1. склучен договор за застапување во осигурување односно склучен договор за вработување со застапник во осигурување и решение за издавање на лиценца за застапник во осигурување издадено од страна на Агенцијата;
2. склучен договор за застапување во осигурувањето со друштво за осигурување;
3. известување и соодветна документација за промена на податоците кои се запишуваат во регистарот.
(2) Уписот и бришењето на податоците во регистарот од член 9 став (1) од овој правилник се врши во рок од 5 дена од:
- добиено решение за издавање на лиценца за застапник во осигурување од страна на Агенцијата на лице со кое друштвото за застапување во осигурување има склучено договор за застапување во осигурување односно договор за вработување;
- денот на склучување на договор за застапување во осигурување со друштво за осигурување;
- денот на добивање на известување и соодветна документација за промена на податоците кои се запишани во регистарот;
- раскинување на склучениот договор за застапување во осигурување односно договор за вработување со застапникот во осигурување односно раскинување на склучениот договор за застапување во осигурување со друштвото за осигурување.
VI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 12
(1) Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
(2) Со денот на влегување во сила на овој правилник престанување да важи Правилникот за формата, содржината и начинот на водење регистри на застапници во осигурувањето и осигурителни брокери од страна на друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва и друштвата за застапување во осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/2011 и 50/2015).
Бр. 01-635/1                              Совет на експерти
1 август 2023 година                   Претседател,
Скопје                                       Крсте Шајноски, с.р