„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.185 од 04.09.2023 г. Програма за изменување на годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2023 година

04.09.2023

Врз основа на член 26 став (5) од Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Македонија“ бр. 48/10, 23/11, 80/12, 155/12, 163/13, 42/14,130/14, 152/15, 31/16, 178/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 302/20), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 август 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА
ИНФРАСТРУКТУРА ЗА 2023 ГОДИНА
 
1.Вo Годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2023 година („Службен весник на Peпублика Северна Македонија“ бр. 8/23), во точката 1 износот „320.000.000“ се заменува со износот „260.000.000“.
2. Во точката 2 потточка 1 износот „28.000.000“ се заменyва со износот „8.000.000“.
Во поттoчката 2 износот „116.000.000“ се заменува со износот „91.000.000“.
Во потточката 3 износот „28.000.000“ се заменува со износот „13.000.000“.
3. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весиик на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-5704/7                                       Претседател на Владата
29 август 2023 година                 на Република Северна Македонија,
Скопје                                                    д-р Димитар Ковачевски, с.р.