„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.187 од 06.09.2023 г. Решение за изменување на решението за забрана на увоз и транзит на живи животни производи и нуспроизводи од животинско потекло

07.09.2023

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОИ ПОТЕКНУВААТ И СЕ ИСПРАЌААТ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА И ТРАНЗИТИРААТ НИЗ РЕПУБЛИКА СРБИЈА
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат и се испраќаат од Република Србија и транзитираат низ Република Србија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 160/21, 198/22, 3/23, 34/23 и 99/23), Прилогот се заменува со нов Прилог, кој е составен дел на ова решение.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-1470/2                            Агенција за храна и ветеринарство
31 август 2023 година                              в.д. Директор,
Скопје                                                    Николче Бабовски, с.р.
Прилог
Региони во Република Србија:
- Борски/Borski,
- Зајечарски/Zajecarski,
- Поморавски/Pomoravski,
- Браничевски/Branicevski,
- Јабланички/Jablanicki,
- Моравички/Moravicki,
- Београдски/Beogradski,
- Јужно-бачки/Juzno-backi,
- Мачвански/Macvanski,
- Подунавски/Podunavski,
- Средно-банатски/Sredno-banatski,
- Сремски/Sremski,
- Шумадијски/Sumadijski,
- Јужно-банатски/Juzno-banatski и
- Пчински/Pcinski.