„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник бр.189 од 11.09.2023 г. Одлука за започнување на постапка за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина - кварцит на локалитетот Црн врв Општина Пробиштип и Општина Кратово

11.09.2023

Врз основа на член 41 став (10) од Законот за минерални суровини (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16, 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.99/22 и 129/23), и член 17 став 3 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/12, 144/14, 33/15, 104/15, 215/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 153/19, 261/19, 89/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 5 септември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА
МИНЕРАЛНА СУРОВИНА – КВАРЦИТ НА ЛОКАЛИТЕТОТ „ЦРН ВРВ“, ОПШТИНА ПРОБИШТИП И
ОПШТИНА КРАТОВО
 
Член 1
Концесијата за експлоатација на минерална суровина – кварцит се доделува во функција на експлоатација на минералната суровина – кварцит на локалитетот „Црн Врв“, Општина Пробиштип и Општина Кратово.
Со оглед на фактот дека правото за експлоатација на минерална суровина се стекнува со доделување на концесија, единствен начин за продолжување на дејноста е да се додели под концесија минералната суровина определена со оваа одлука.
Член 2
Како основни цели за доделување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – кварцит на локалитетот „Црн Врв“, Општина Пробиштип и Општина Кратово е создавање на услови за рамномерно искористување на минералната суровина и создавање услови за нејзина експлоатација.
Член 3
Предмет на концесијата е експлоатација на минерална суровина – кварцит на локалитетот „Црн Врв“, Општина Пробиштип и Општина Кратово. Концесијата за експлоатација на минерална суровина – кварцит ќе се додели на понудувачот кој ќе ги исполни условите содржани во тендерската документација и јавниот повик.
Член 4
Постапката за доделување на концесијата за експлоатација на минерална суровина - кварцит ќе биде спроведена по пат на јавен повик со електронска аукција во рок од 360 дена од денот на формирање на Комисијата за спроведување на постапката.
Заради спроведување на постапката за доделување на концесија за експлоатација, Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот за економија формира Комисија за спроведување на постапката во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука.
Комисијата од став 2 од овој член ја подготвува тендерската документација, јавниот повик вклучувајќи го и нацртот на договорот. Тендерската документација на предлог на министерот за економија се доставува до Владата на Република Северна Македонија на одобрување.
По одобрување на тендерската документација за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина, Комисијата од став 2 на овој член во рок од десет дена ќе го објави јавниот повик согласно Законот за концесии и јавно приватно партнерство.
Член 5
Висината на надоместокот за издавање на тендерската документација ќе изнесува 6.000,00 денари.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-5321/16                       Прв заменик на претседателот
5 септември 2023 година          на Владата на Република
Скопје                                                Северна Македонија,
                                                                д-р Artan Grubi, с.р