„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник бр.197 од 21.09.2023 г. Правилник за измена и дополнување на правилник за контрола и мерење параметри за квалитет на услуга заа интернет пристап преку јавни фиксни електронски комуникациски мрежи

21.09.2023

Врз основа на член 8 став 29 и член 24 став (1) алинеја 3, а во врска со член 109 став (2) од Законот за eлектронски комуникации (Службен весник на Република Македонија, бр. 39/2014, 188/2014, 44/2015, 193/15, 11/18 и 21/18), и („Службен весник на Р.С. Македонија“, број 98/2019, 153/2019 и 92/2021), Директорот на Агенцијата за електронски комуникации на 18 септември 2023 година, донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИК ЗА КОНТРОЛА И МЕРЕЊЕ ПАРАМЕТРИ ЗА КВАЛИТЕТ НА УСЛУГА ЗА ИНТЕРНЕТ ПРИСТАП ПРЕКУ ЈАВНИ ФИКСНИ ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ
 
Член 1
Во член 4 став 2 по зборовие “Агенција ќе”, се бришат зборовите” врши мерење на “, a се додаваат зборовите“ ги земе предвид“ .
Во истиот член став 2 по зборовите“ квалитетот на услугата“, се бришат зборовите“ со наменска сонда согласно Постапката дефинирана во Прилог 2“, а се додаваат зборовите“ од мерењата добиени од веб апликацијата “.
Во истиот член став 3 се брише.
Се додава нов трет член кој гласи: “Секое мерење треба да биде зачувано во било каков формат, како доказ во понатамошни постапки“.
Член 2
Во член 6 по зборовите “Резултатите од“, се бришат зборовите“ сите видови на“, а се додаваат зборовите“ вака добиените“.
Член 3
Постоечкиот Прилог 2 се брише во целост и се додава нов Прилог 2 кој е составен дел од овој Правилник и следи во Прилог.
ПРИЛОГ 2
 Процедура за Мерење на параметрите на квалитет на интернет во фиксна мрежа со користење на веб апликацијата: speedtest.aek.mk
Мерење на параметрите на квалитет на интернет во фиксна мрежа се врши со користење на веб апликација: speedtest.aek.mk, на адресата каде што е склучен претплатничкиот Договор на корисникот. При поставување на параметрите на мерењето се користат условите содржани во претплатничкиот Договор. За да биде успешно мерењето, со веб апликацијата треба да се направат најмалку 10 (десет) успешни поединечни мерења, во најмалку 2 (два) различни денови од неделата и минимум 5 (пет) успешни поединечни мерења во различни временски периоди од денот. Поединечните мерења на веб апликацијата се следат од страна на Агенцијата, преку апликацијата за администрација. По завршување на мерењата корисникот ги зачувува резултатите од мерењата и истите ги испраќа во вид на жалба до Операторот со кого е склучен претплатничкиот Договор, а потоа доколку е потребно и до Агенцијата. Постапката на жалба завршува во Агенцијата, со подготвување извештај од успешните поединечни мерења, поврзан со назначување за исполнување или неисполнување на критериумите за квалитет на услугата, во случај ако за тоа се јави потреба. Агенцијата ги констатира резултатите од мерењата согласно овој Правилник и соодветно постапува по жалбата на корисникот.
Член 4
 Овој Правилник влегува во сила со денот на неговото објавување во „Службен весник на РС Македонија“. По влегувањето во сила, овој Правилник ќе биде објавен и на веб-страницата на Агенцијата за електронски комуникации.
Бр. 0101-1397/4                                    Претседател,
 18 септември 2023 година              Jeton Akiku, с.р
Скопје