„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.198 од 22.09.2023 г. Одлука за изменување и дополнување на статусот на Акционерското друштво за вршење енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост

24.09.2023

Врз основа на член 383 став (1) точка 1) и член 418 став (1) од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.290/20, 215/21 и 99/22), Министерството за економија на Република Северна Македонија во својство Собрание на акционери на Акционерското друштво за вршење енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, на седницата на Собрание на акционери одржана на 19 септември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СТАТУТОТ НА АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА
ВРШЕЊЕ ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС НОМАГАС СКОПЈЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ
 
Член 1
Во Статутот на Акционерското друштво за вршење енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.281/22 и 84/23), во членот 15 ставот 1 се менува и гласи:
„Правата и обврските на собранието на друштвото ги врши Министерството за економија, како единствен акционер, со седиште на ул. „Јуриј Гагарин“ број 15, 1000 Скопје“.
Во ставот 2 бројот: „4064674“ се заменува со бројот: „5447534“.
Член 2
Во членот 31 во став (1) по алинеа 6 се додава нова алинеа 7 која гласи:
„- именување службеник за усогласеност согласно Законот за енергетика”.
Член 3
По членот 31 се додаваат нови членови 31-а, 31-б и 31-в кои гласат:
„ Член 31-а
Неизвршните членови на одборот на директори во својство орган на надзор чии овластувања се однесуваат на надзор на управувањето со друштвото именуваат и разрешуваат службеник за усогласеност, по претходно одобрение од страна на Регулаторната комисија заенергетика согласно Законот за енергетика, ако за тоа гласале мнозинството од вкупниот број на неизвршните членови на Одборот на директори.
Член 31-б
 Друштвото е должно на службеникот за усогласеност да му ги даде на увид сите податоци и информации потребни за остварување на неговите овластувања и по негово барање да му овозможи пристап до сите простории во кои Друштвото ја врши својата дејност.
Службеникот за усогласеност е должен да:
- го следи спроведувањето на Програмата за усогласеност и да изработи и достави до Регулаторната комисија за енергетика годишен извештај за преземените мерки за нејзино спроведување;
- доставува извештаи и препораки во однос на реализацијата на Програмата за усогласеност до неизвршните членови на одборот на директори
- ја известува Регулаторната комисија за енергетика за значителни прекршувања во спроведувањето на програмата за усогласеност.
 Надлежните сектори во друштвото кои ги изготвуваат предлогот за инвестициски план, или предлозите на одлуки за поединечни инвестиции во системот за пренос на природен гас, се должни овие предлози да ги достават до службеникот за усогласеност, истовремено кога ги доставуваат до претседателот на одборот на директори.
Службеникот за усогласеност ги доставува до Регулаторната комисија за енергетика предложениот инвестициски план, или предложените одлуки за поединечни инвестиции во системот за пренос на природен гас, истовремено кога тие предлози се доставуваат до неизвршените членови на одборот на директори во својство орган на надзор.
 Одборот на директори и раководните лица на Друштвото се должни да го повикаат службеникот за усогласеност да присуствува на сите закажани состаноци и да му ги достават сите потребни материјали, а особено кога се одлучува за:
- условите поврзани со услугите за пристап и користење на системот за пренос на природен гас, а особено во однос на надоместоците за користење, доделувањето на преносниот капацитет и управувањето со загушувањата;
- проекти поврзани со управувањето, одржувањето и развојот на системот за пренос на природен гас, вклучувајќи ги и инвестициите во приклучоците и во интерконективните капацитети и
- набавка или продажба на природен гас неопходен за функционирање на системот за пренос на природен гас, вклучувајќи ги и системските услуги за балансирање.
Член 31-в
Мандатот или условите за вработување на службеникот за усогласеност, вклучувајќи го и времетраењето на неговиот мандат или вработување, работењето, овластувањата, правата, обврските како и условите за именување и разрешување на службеникот за усогласеност, подетално се уредуваат со правилник за услови и начин на работа на службеникот за усогласеност.Правилникот од став 1 од овој член го донесуваат неизвршните членови на одборот на директори во својство орган на надзор, со мнозинство гласови од вкупниот број неизвршни членови, по претходно одобрување на Регулаторната комисија за енергетика,.“
Член 4
Со оваа одлука се овластува Одборот на директори на Акционерското друштво за вршење енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост да изготви пречистен текст на Статутот на Акционерско друштво за вршење енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
                                                                   Претседавач на Собрание
Бр. 15-3346/2                                         Министерство за економија
19 септември 2023 година                              Министер,
Скопје                                                          Крешник Бектеши, с.р