„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.201 од 26.09.2023 г. Правилник за дополнување на Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација

27.09.2023

Врз основа на член 72 став (3) од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/05, 4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16, 144/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21), министерот за финансии донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА
ДЕКЛАРАЦИЈА И КОДЕКСОТ НА ШИФРИ КОИ СЕ УПОТРЕБУВААТ ПРИ ПОПОЛНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА
 
Член 1
Во Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и Кодексот на шифри кои се употребуваат при пополнување на царинската декларација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 105/19, 158/19, 279/19, 243/20, 5/21 и 237/21), во Прилогот 2 – Кодекс на шифри за пополнување на ЕЦД, Поглавје II – Шифри, рубрика 1 – ДЕКЛАРАЦИЈА, а) Шифри за прва подрубрика, во Табелата 2, на крајот од табелата по зборовите „Z за поднесување на декларација во поедноставена постапка во рамки на член 88 став (1) точка (в) од Законот (со запишување во евиденцијата)“ се додаваат зборовите
Р      
За поднесување на царинска декларација во смисла на член 156 став (1) и член 232 од Законот
 
Во рубриката 37 – ПОСТАПКА, б) Шифри за втора подрубрика, Ослободување од плаќање на увозни давачки, на крајот од табелата по зборовите Конзуларни претставништва раководени од почесни конзули за моторни возила за службени потреби, при увоз, се ослободуваат од данок на моторни возила, во износ од 50% од пресметаниот данок на моторни возила 15 став (7) од ЗДМВ C69“, се додаваат зборовите
Увоз на добра стоки извршен од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија- Скопје, наменети за реализација на Проектот за изградба на источната делница од железничкиот Коридор VIII од Куманово до Крива Паланка и финализирање на подобрувањето на железничката пруга на Коридорот X
Член 7-а став 2 од Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската Банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Проектот за изградба на источната делница од железничкиот Коридор VIII од Куманово до Крива Паланка и финализирање на подобрувањето на железничката пруга на Коридорот X
Увоз на добра/стоки извршен од страна на Стратешкиот партнер, наменети за изградбата на Коридор 8 (автопатски делници: Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга-Ќафасан) и Коридор 10 д (автопатска делница Прилеп-Битола) во Република Северна Македонија
Член 15 став (8) од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово-Гостивар-Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп-Битола) во Република Северна Македонија.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 20-4552/5
21 септември 2023 година                        Министер за финансии,
Скопје                                                                 д-р Fatmir Besimi, с.р.