„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.202 од 27.09.2023 г. Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед

28.09.2023

Врз основа на член 30 став 1 алинеи 1, 2 и 6 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 септември 2023 година, донесе
О Д Л У К А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД
 
Член 1
Во Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.195/23), во членот 1 во точката 21) точката и запирката на крајот од реченицата се заменуваат со сврзникот „и“.
Во точката 22) точката и запирката на крајот од реченицата се заменуваат со точка.
Точките 23) и 24) се бришат.
Член 2
Членот 2 се менува и гласи:
„Највисоките цени на производите/стоките од членот 1 точки 2), 3), 4), 5), 6), 7), 8), 9), 10), 11), 12), 13),14), 15), 16), 17), 18), 19), 20) и 21) од оваа одлука се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 август 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.
Највисоките цени на производите/стоките од членот 1 точки 1) и 22) од оваа одлука се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 септември 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.“.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
Бр. 41-9818/3                                                  Претседател на Владата
26 септември 2023 година                    на Република Северна Македонија,
Скопје                                                            д-р Димитар Ковачевски, с.р.