„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.203 од 28.09.2023 г. Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало

28.09.2023

Врз основа на член 30 став (1) алинеја 2 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 септември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈАТА НА МАЛО
 
Член 1
Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи:
1) светло пиво во пакување од 0,33l во лименка, 0,5 l во стаклено шише и 1,5 l во пластично шише и лагер пиво;
2) газирани и негазирани пијалоци (сокови), со исклучок на енергетски пијалоци и
3) минерална, газирана и негазирана природна изворска вода.
Член 2
Највисоките цени на производите од членот 1 од оваа одлука се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 19 септември 2023 година, во трговијата на големо, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.
Член 3
Трговците за вршење дејност трговија на мало, се должни да ги утврдат цените во трговијата на мало за производите од член 1 од оваа одлука согласно висината на процентот од членот 2 од оваа одлука.
Член 4
Трговците за вршење дејност трговија на мало, производите oд член 1 од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
 
Бр. 41-9815/3                                                  Претседател на Владата
26 септември 2023 година               на Република Северна Македонија,
Скопје                                                             д-р Димитар Ковачевски, с.р