„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.203 од 28.09.2023 г. Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки

28.09.2023

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 1 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 септември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА
ОДДЕЛНИ СТОКИ
 
Член 1
Со оваа одлука се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со следните стоки:
- свежо овошје и
- свеж зеленчук.
Највисоката трговска (профитна) маржа за стоките од став 1 на овој член за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 15%.
Член 2
Највисоката трговска (профитна) маржа на стоките од член 1 од оваа одлука ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-9819/3                                              Претседател на Владата
26 септември 2023 година           на Република Северна Македонија,
Скопје                                                      д-р Димитар Ковачевски, с.р