„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.209 од 05.10.2023 г. Закон за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за развојната банка на Северна Македонија

07.10.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (*)
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за развојната банка на Северна Македонија(*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 3 октомври 2023 година.
 
Бр. 08-4881/1                               Претседател на Република
3 октомври 2023 година            Северна Македонија,
Скопје                                             Стево Пендаровски, с.р.
 
                  Претседател
         на Собранието на Република
           Северна Македонија,
           м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (*)
 
Член 1
Во Законот за Развојната банка на Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 105/2009 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 77/21), во членот 10 во точката 6) по зборот „проекти” се додаваат зборовите: „за енергетска ефикасност,”.
Член 2
Во членот 11 став (4) зборовите: „буџетските корисници и единките корисници на средства од Буџетот на Република Северна Македонија” се заменуваат со зборовите: „јавни субјекти согласно со Законот за буџети”.
По ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи:
„(5) По исклучок од ставот (4) на овој член РБСМ одобрува кредити, издава гаранции и одобрува грантови за јавни субјекти од средствата на Фондот за енергетска ефикасност.”.
Член 3
Во членот 13 став (1) во точката 2) сврзникот „и” на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
Во точката 3) точката на крајот од реченицата се заменува со сврзникот „и” и се додава нова точка 4), која гласи:
„4) одобрува кредити, издава гаранции и одобрува грантови од средствата на Фондот за енергетска ефикасност.”.
По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
„(4) Владата на Република Северна Македонија и РБСМ склучуваат договор во кој ќе се утврдат условите под кои ќе се одобруваат кредитите, издаваат гаранциите и одобруваат грантовите од ставот (1) точка
4) на овој член, за исполнување на целите за енергетска ефикасност на ниво на Република Северна Македонија од членот 5 од Законот за енергетска ефикасност(*).”. Член 4 Во член 13-в ставот (9) се менува и гласи:
„Средствата на Гарантниот фонд може да се пласираат во хартии од вредност, издадени од Република Северна Македонија.”.
Член 5
По членот 13-е се додаваат четири нови членови 13-ж, 13-з, 13-ѕ и 13-и, кои гласат:
„Член 13-ж
За поддршка на развојот преку финансирање проекти за енергетска ефикасност, во РБСМ се организира Фонд за енергетска ефикасност како посебна организациона единица.
Член 13-з
(1) Средствата на Фондот за енергетска ефикасност се обезбедуваат од:
1) Буџетот на Република Северна Македонија, како неповратни средства;
2) заеми и/или кредитни линии од меѓународни финансиски институции;
3) донации од земјата и од странство;
____________________________________________________________________________________
*
 Со овој закон се врши усогласување со Директивата 2012/27/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 25 октомври 2012 година за енергетска ефикасност, за изменување на Директиви 2009/125/ЕЗ и 2010/30/ЕУ и за укинување на Директиви 2004/8/ЕЗ и 2006/32/ЕЗ (CELEX бр.32012L0027).
4) приходи од камати и провизии за одобрените кредити и издадени гаранции;
5) приходи од пласмани во хартии од вредност;
6) приходи од спроведување на обврзувачка шема за енергетска ефикасност и алтернативни мерки и
7) други извори на финансирање доколку се утврдени со посебен закон за исполнување на целите за заштита на животната средина и климатска акција.
(2) Владата на Република Северна Македонија може да донесе одлука за зголемување на износот на неповратните средства од ставот (1) точка 1) на овој член.
(3) Средствата на Фондот за енергетска ефикасност не влегуваат во капиталот на РБСМ и можат да се користат само за намените утврдени во членот 13-ѕ од овој закон.
(4) Изложеноста од Фондот за енергетска ефикасност не се пресметува во изложеностите од членот 14 од овој закон.
(5) За работа со средствата на Фондот за енергетска ефикасност, РБСМ отвора посебна наменска сметка во Народната банка на Република Северна Македонија.
(6) За средствата на Фондот за енергетска ефикасност РБСМ води посебна финансиско-сметководствена евиденција.
(7) Средствата на Фондот за енергетска ефикасност може да се пласираат во хартии од вредност, издадени од Република Северна Македонија.
(8) Приходите од камата од пласманите од ставот (7) на овој член се уплатуваат на сметката од ставот (5) на овој член и се составен дел на неповратните средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
Член 13-ѕ
(1) Средствата од Фондот за енергетска ефикасност се користат за финансирање инвестиции за енергетска ефикасност преку одобрување на кредити, издавање гаранции и одобрување грантови.
(2) РБСМ има право од средствата на Фондот за енергетска ефикасност да наплати провизии и други трошоци кои произлегуваат од работата на Фондот за енергетска ефикасност во висина уредена во договорот од членот 13 став (4) од овој закон.
(3) РБСМ има обврска да презема активности поврзани со наплата на побарувањата по основа на одобрени кредити и издадените гаранции од Фондот за енергетска ефикасност.
Член 13-и
(1) За управување со Фондот за енергетска ефикасност, Владата на Република Северна Македонија донесува одлука за формирање Комитет за енергетска ефикасност (во натамошниот текст: Комитетот).
(2) Комитетот се состои од пет члена со мандат од шест години, од кои еден е претседател и тоа:
- еден член на предлог на Министерството за финансии,
- еден член на предлог на Министерството за економија,
- еден член на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање,
- еден член на предлог на Агенцијата за енергетика и - еден член на предлог на РБСМ.
(3) Комитетот на првата седница го избира претседателот од членовите од ставот (2) на овој член.
(4) Членовите на Комитетот од ставот (2) на овој член треба да имаат стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на техничките науки - електротехника, машинство или градежништво, економските науки, организационитенауки и управувањето (менаџментот) или од правните науки и најмалку десет години работно искуство на работи и работни задачи релевантни за работењето на Фондот за енергетска ефикасност од областа на завршеното високо образование.
(5) Комитетот ги врши следните активности:
- донесува тригодишен план за работењето на Фондот за енергетска ефикасност и неговата одржливост,
- донесува годишен план за работењето на Фондот за енергетска ефикасност, за неговото портфолио со буџет и проценети трошоци за работење,
- најмалку еднаш годишно, најдоцна до крајот на првиот квартал од тековната година, врши оценка на остварувањето на годишниот план за работењето на Фондот за енергетска ефикасност за претходната година,
- одлучува за развој на постојните и воведување нови производи во рамките на Фондот за енергетска ефикасност,
- донесува одлука за одобрување кредити, гаранции и грантови од средствата на Фондот за енергетска ефикасност,
- одобрува полугодишен извештај за работењето на Фондот за енергетска ефикасност со состојба до 30 јуни во тековната година и годишен извештај за работењето на Фондот за енергетска ефикасност со состојба до 31 декември во тековната година,
- остварува соработка, консултации и размена на информации со други фондови за енергетска ефикасност и животна средина во рамките на Енергетската заедница и Европската Унија, како и меѓуинституционална соработка и вмрежување, особено со институциите чиишто преставници се членовите на Комитетот, со цел поефикасно реализирање на производите на Фондот за енергетска ефикасност,
- се грижи за одржливоста на Фондот за енергетска ефикасност на краток, среден и на долг рок,
- одобрува акциски планови и извештаи за мониторинг, следење и контрола на реализацијата на производите на Фондот за енергетска ефикасност,
- донесува интерни процедури и упатства за работењето на Фондот за енергетска ефикасност и
- доставува извештај до Министерството за финансии за износот на неповратните средства коишто треба да се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија, со цел да се надополнат неповратните средства за реализација на годишните планови со средства од Буџетот на Република Северна Македонија.
(6) На членовите на Комитетот им следува надоместок за извршената работа на месечно ниво, чијашто висина ја определува Владата на Република Северна Македонија, а кој треба да биде разумен и соодветен на обемот и сложеноста на работата, но не повисок од една просечна нето - плата во Република Северна Македонија.“.
Член 6
Во членот 17 по став (1) се додава нов став (2), кој гласи:
„(2) По исклучок од ставот (1) на овој член со Статутот на РБСМ се утврдува работата на Комитeтот како орган на РБСМ на кој не се применуваат одредбите од Законот за банките.”.
Ставовите (2), (3), (4), (5) и (6) стануваат ставови (3), (4), (5), (6) и (7).
Член 7
По членот 18-а се додава нов член 18-б, кој гласи:
„Член 18-б
(1) РБСМ најдоцна до 30 јуни во тековната година доставува до Владата на Република Северна Македониjа годишен извештај за работењето на Фондот за енгетска ефикасност за претходната година, а најдоцна до 30 септември во тековната година доставува до Владата на Република Северна Македонија полугодишен извештај за работењето на Фондот за енергетска ефикасност за тековната година.
(2) РБСМ објавува износ на одобрени кредити, издадени гаранции и одобрени грантови од Фондот за енергетска ефикасност на својата веб-страница на квартална основа.
(3) За побарувања од Фондот за енергетска ефикасност по основа на издадени и активирани гаранции кои го надминуваат износот на средства од Фондот за енергетска ефикасност, Министерството за финансии до Владата на Република Северна Македонија предлага да се обезбедат дополнителни средства од Буџетот на Република Северна Македонија, за што Владата на Република Северна Македонија во рок од 30 дена донесува одлука за уплата на средства во Фондот за енергетска ефикасност.”.
Член 8
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.