„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.210 од 06.10.2023 г. Правилник за формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата за сите фази на одгледувањето на канабисот

09.10.2023

Врз основа на член 29-д став 3 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции („Служ- бен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 124/10, 164/13, 149/15, 37/16, 53/16 и 193/17), министерот за здравство, донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА СИТЕ ФАЗИ НА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА КАНАБИСОТ
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата за сите фази на одгледување на канабисот.
Член 2
Евиденцијата за сите фази на одгледување на канабисот се води во писмена форма во книга за евиденција со нумерирани страници, која е заверена во Министерството за здравство.
Секоја страница од книгата за евиденција од ставот 1 на овој член, се заверува со печат од одгледувачот на канабисот.
Евиденцијата за сите фази на одгледување на канабисот се води и во електронска форма (софтвер), која ги содржи истите податоци како и книгата за евиденција од ставот 1 на овој член.
Член 3
Во книгата за евиденција и електронската евиденција се внесуваат сите бројни вредности за еден циклус  на одгледување на канабисот.
Секој циклус на одгледување на канабисот има идентификација (сериски број) и ги содржи следните пода- тоци:
датум на почеток сеење/садење на семе/саден материјал,
назив, потекло и број на семки/саден материјал,
број на проникнати семки/зафатен саден материјал,
број на живи садници со личен идентификациски број,
број на пресадени растенија,
број на растенија што се одржуваат во вегатативна фаза (мајки),
број на растенија што формирале цветови,
број на собрани растенија со цвет (обработени садници),
маса на собрани цветови со процент на влага и содржина на Тетрахидроканабинол -ТХЦ,
маса на цветови/листови после сушење со процент на влага,
вкупна количина на исушен цвет од канабис со содржина на ТХЦ во момент на пакување и запечатување на кутиите,
вкупен број на картонски кутии во кои е спакуван исушениот цвет за конкретниот циклус со наведен се- риски број,
број на нов расад (клонови) и
отпад (количина и опис на отпадот, причина зошто се исфла, процент на влага и содржина на ТХЦ во от- падот).
Член 4
Книгата за евиденција од член 2 став 1 од овој правилник, се печати на бела хартија во А4 формат, со тврди корици во црна боја.
Член 5
Формата и содржината на книгата за евиденција од член 2 став 1 од овој правилник, е дадена во Прилог, кој е составен дел на овој правилник.
Член 6
Сите настанати измени надвор од предложениот и прифатениот план за одгледување на канабисот се при- бележуваат и се објаснуваат/образложуваат во книгата за евиденција.
Член 7
Евиденцијата од член 2 од овој правилник, се води од страна на одговорното лице (фармацевт) кај одгледу- вачот на канабис, кое дневно ги внесува сите активности.
Член 8
Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 19-8078/1
2 октомври 2023 година            Министер за здравство,
Скопје                                            д-р Фатмир Меџити, с.р.