„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.210 од 06.10.2023 г. Ценовник за висината на надоместокот за мислењата за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градење

09.10.2023

Врз основа на член 4-а став 6 од Законот за градење (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14,
149/14,  187/14,  44/15,  129/15,  217/15,  226/15,  30/16,
31/16,   39/16,   71/16,   132/16,   35/18,   64/18,   168/18 и
,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.244/19, 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23), а согласно член 18 и член 19 од Статутот на Приватен научен ИНСТИТУТ ЗА СЕИЗМИЧКИ ОТПОРНИ ГРАДБИ И КЛИМАТСКИ  ПРОМЕНИ-ИСОГКП,  Скопје (во ната-
мошниот текст „Институтот“), Советот на Институтот на ден 5.9.2023 година го донесе следниот
Ц Е Н О В Н И К
ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА МИС- ЛЕЊАТА ЗА ПРОЕКТИРАНИОТ И ИЗВЕДЕНИОТ СТЕПЕН НА МЕХАНИЧКА ОТПОРНОСТ, СТАБИЛ- НОСТ И СЕИЗМИЧКА ЗАШТИТА НА ГРАДБИТЕ
 
  1. Објекти од високоградба
    1. Висината на надоместокот за мислењето за про- ектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита (МПС) е функција од еквивален- тната пресметана површина (ЕПП) на објектот.
Еквивалентната пресметана површина (ЕПП) на об- јектот е производ од вкупната бруто развиена површи- на (ВБР) на објектот и коефициентот за корекција (ЕПП=ВБРꞏк1ꞏк2ꞏк3)
Вкупна бруто развиена површина (ВБР) e збир од бруто развиените површини на сите катови (нивоа). За катови (нивоа) кои имаат катна висина поголема од 4.5 метри, бруто развиента површина за тој кат (ниво) се множи со односот на висината на соодветниот кат по- делена со 4.5.
Коефициентите за корекција се утврдуваат според вид и категоризација на градбата (к1), материјалот од кој е изведен основниот конструктивен систем на град- бата (к2) и сложеноста на основниот конструктивен систем (к3), согласно член 4-а од Законот за градење (,,Службен весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13,
27/14,   28/14,   42/14,   115/14,   149/14,   187/14,   44/15,
129/15,   217/15,   226/15,   30/16,   31/16,   39/16,   71/16,
132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и ,,Службен весник на РСМ“ бр. 244/19, 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23).
- Коефициент к1, утврден според вид и категориза- ција на градбата, односно бараното ниво на сеизмичка заштита, дефинирано во член 4 од Правилникот за тех- нички нормативи за изградба на објекти на високоград- бата во сеизмички подрачја (,,Службен весник на СФРЈ“ бр. 31/81):