„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Исправка на Одлука за изменување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност

15.10.2023

По извршеното проверување co изворниот текст, утврдено е дека во текстот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, co бр.41 -10705/3, објавена во („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.214/23), направена е техничка грешка, поради што се дава
ИСПРАВКА
НА ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ КОИ ПОДЛЕЖАТ НА ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ
 
Во текстот на Одлуката во членот 1 co кој се менува табелата од член 2 став (1) точка 1, во табелата во реден број 213 наместо тарифниот број „120“ треба да стои тарифниот под број „1806 20“, a no редниот број 217 треба да стои реден број 218 кој гласи:
 
218
1902 11 00 00
--Тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени:
--Со додаток на јајца.
 
Останатите редни броеви се поместуваат за еден реден број на напред.
Во членот 2 од ставот (4) во табелата во редниот број 222 наместо тарифната ознака „0712 90 50 00“ треба да стои тарифната
ознака „0712 90 30 00“.
 
 Бр. 45-10705/7
13 октомври 2023 година                     Од Владата на Република Северна Македонија            
Скопје