„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ

23.02.2022

 Според Известувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Предлог - законот за безбедност на храната за животни се усогласува националното законодавство со законодавството на Европската Унија и прецизно се уредуваат основните и посебните барања за храната за животни наменета за исхрана на животни кои се одгледуваат за производство на храна за луѓе и храната за животни наменета за исхрана на животни кои не се одгледуваат за производство на храна за луѓе, основните принципи и одговорности на операторите со храна за животни, надлежните органи за безбедност на храна за животни и официјалните контроли на храната за животни, ставањето во промет и употребата на храната за животни, вклучувајќи ги и барањата за означување, пакување и рекламирање на храната за животни, како и употребата и ставањето во промет на адитиви за храна за животни, утврдување на правилата за надзор и обележување на адитивите и премисите.
 Целта на овој закон е да обезбеди високо ниво на заштита на јавното здравје, здравјето на животните и нивната благосостојба, заштита на животната средина и заштита на безбедноста на храната за животни преку утврдување на начинот на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни, ставањето на храната за животни во промет и исхраната на животните.