„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

О Д Л У К А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД

29.10.2023

Врз основа на член 30 став 1 алинеи 1, 2 и 6 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 27 октомври 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА
НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ
ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД
 
Член 1
Во Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска натрговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.195/23, 202/23 и 203/23) во членот 2 по ставот 2 се додаваат два нови става 3 и 4 кои гласат:
„Трговците за вршење дејност трговија на мало можат да нудат акциска продажба (акција) за намалување на гарантираната цена на производите/стоките од членот 1 од оваа одлука.
Цените во трговијата на мало кои се намалуваат поради истекување на рокот на земјоделските и прехранбените производи не се сметаат за акциска продажба (акција).“
Член 2
Во членот 6 зборовите „30 ноември 2023 година“ се заменуваат со зборовите „31 декември 2023 година“.
Член 3
Во Одлуката за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/23) во членот 3 зборовите „30 ноември 2023 година“ се заменуваат со зборовите „31 декември 2023 година“.
Член 4
Во Одлуката за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.203/23) во членот 2 зборовите „30 ноември 2023 година“ се заменуваат со зборовите „31 декември 2023 година“.
Член 5
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 декември 2023 година.
 
Бр. 41-11426/3                                  Прв заменик на претседателот
27 октомври 2023 година                 на Владата на Република
Скопје                                                     Северна Македонија,
                                                                 д-р Artan Grubi, с.р