„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за изменување на одлуката за определување на квота за дозволи за странци кои можат да бидат работно ангажирани на територијата на РСМ за 2023 година

06.11.2023

Врз основа на член 4 став 1 од Законот за вработување и работа на странци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 217/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 31 октомври 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА КВОТА ЗА ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ
КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ РАБОТНО АНГАЖИРАНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА
 
Член 1
Во Одлуката за определување на квота за дозволи за странци кои можат да бидат работно ангажирани на територијата на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 291/22), во член 1 во воведната реченица бројот „5000“ се заменува со бројот „8000“.
Член 2
Во член 2 став 1 во воведната реченица бројот „5000“ се заменува со бројот „8000“.
Во алинејата 1 бројот „4500“ се заменува со бројот „7500“.
Член 3
Во член 3 став 2 во воведната реченица бројот „1700“ се заменува со бројот „3200“.
Во алинејата 1 бројот „1400“ се заменува со бројот „2500“.
Во алинејата 2 бројот „300“ се заменува со бројот „700“.
Во став 3 во воведната реченица бројот „2800“ се заменува со бројот „4300“.
Во алинејата 1 бројот „2200“ се заменува со бројот „3300“.
Во алинејата 2 бројот „600“ се заменува со бројот „1000“.
Член 4
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-11528/3     Прв заменик на претседателот
31 октомври 2023 година на Владата на Република
Скопје                       Северна Македонија,
                                      д-р Artan Grubi, с.р.